Брод во ураганска бура од 12. степен — највисокиот на Бофоровата скала.
Бофорова скала (понекогаш Бофортова скала) — емпириска мерка за брзина на ветрот според неговото дејство на море и на копно.
Историја
Скалата е осмислена во 1805 г. од ирскиот хидрограф (подоцна контраадмирал) Френсис Бофорт или Бофор, офицер на Британската воена морнарица, додека служел на бродот „Вулич“. Скалата која го носи неговото име има долг и сложен развој, засновајќи се на работата на други (вклучувајќи го Даниел Дефо во претходниот век). Службено е усвоена кога Бофорт служел како хидрограф на морнарицата во 1830-тите. За првпат употребена во патувањето на бродот „Бигл“ под водство на капетанот Роберт Фицрој, подоцна основач на првата метеоролошка служба на Британија одговорна за редовни временски прогнози.[1] Во XVIII век поморските офицери редовно го набљудувале времето, но без стандардна скала заклучоците биле мошне субјективни. Бофорт успеал да ја стандардизира оваа скала.
Френсис Бофорт
Првичната скал од 13 степени (0-12) не ја зема предвид брзината на ветрот туку се однесува на неговото дејство врз едрата на фрегата, тогаш главен брод на Британската морнарица, од „едвај доволно за да придвижува“ до „таков што ниедни платнени едра не можат да го издржат“.[2]
Скалата е воведена како стандардна за сите британски бродски дневници кон крајот на 1830-те. Во 1850-тите била усвоена за копнена употреба, каде степените се изразувале во вртежи на анемометарот. Во 1853 г. Бофоровата скала е прифатена за општа употреба на Првата меѓународна метеоролошка конференција во Брисел.[3]
Во 1916 г. секој степен од скалата добил опис според поведението на морето наместо на едрата поради сè поретката употреба да едра во поморството. Внесен е и опис за поведението на ветровите на копно. Односот на вртежите со степените на скалата се стандардизирани дури во 1923 г. За сето ова бил заслужен Џорџ Симпсон, директор на Британската метеоролошка служба.[1] Неколку десетлетија подоцна мерките биле малку изменети за да се прилагодат на потребите на метеоролозите. Денес во метеорологијата брзината на ветрот се изразува во километри или милји на час, а во поморството и воздухопловдството се користат јазли; сепак, Бофоровата скала наоѓа повремена употреба во прогнозите за товарни бродови[4] и јавни предупредувања за невреме.[5]
Проширена скала
Бофоровата скала е проширена во 1946 г. со додавање на 13. и 17. степен.[3] Меѓутоа, овие степени важат само за посебни случаи како тропски циклони. Денес оваа проширена скала се користи само во Тајван и НР Кина, каде тајфуните се чести. Меѓународниот правилник пропишува само 12 степени и не се занимава со проширената скала.[6]
Брзината на ветрот според Бофоровата скала од 1946 г. се заснова на емпирискиот однос:[7]
каде v е еквивалентата брзина на ветар на 10 метри надморска височина, а B е бројот на степенот. На пример, B = 9,5 значи 24,5 м/с, што е еднакво на долната граница на „10 Бофорови“. Според оваа формула, најсилните ветришта во ураганите би биле од 23. степен. Торнадата од F1 на Фуџитината скала и од T2 на TORRO-скалата исто така почнуваат од крајот на 12. степен од Бофоровата скала, но како скали се независни од неа (иако вредностите на TORRO-скалата се засноваат на степенов закон од 3/2 во однос на ветровата брзина на Бофоровата.[8]
Висината на брановите се однесува на условите на отворено море, а не покрај брегот.
Многу високи бранови со долги надвиснати грбови; направената пена во големи груки се оддувува во густи бели млазови во насока на ветрот; сета морска површина е бела на изглед; лулањето ставнува силно; видливоста е попречена
Ретка појава на копно; дрвјата се корнат; значителни штети на градбите
11
Жестока бура
56 – 63 јазли 103 – 117 км/ч 28,5 – 32,6 м/с
11,5 – 16 м
Исклучително високи бранови; малите до средни бродови долго време може да бидат затскриени зад брановите; морето е прекриено со долги бели траги од пена; рабвите на грбовите насекаде се распрснуваат во пена; видливоста е попречена
Многу ретка појава; обично причинува масовни штети
↑McIlveen, Robin (1991). Fundamentals of Weather and Climate. Cheltenham, England: Stanley Thornes. стр. 40. ISBN978-0-7487-4079-6.
↑Hay, William W. (2016). Experimenting on a Small Planet: A History of Scientific Discoveries, a Future of Climate Change and Global Warming (second. изд.). Cham, Switzerland: Springer Verlag. стр. 26. ISBN978-3-319-27402-7.
↑„Beaufort Scale“. Royal Meteorological Society. Посетено на 27 ноември 2015.
↑„Beaufort Scale“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 27 ноември 2015.
↑ 13,013,1Називите „бура“ и „ураган“ на Бофоровата скала се однесуваат само на ветрови јачини, и не мора да значи дека се присутни и други непогоди (на пр. бура со грмотевици или тропски циклон). За да се избегне забуна, предупредувањата за силни ветришта гласат нешто како „ветрови со ураганска сила“.