Јасна Гора (манастир)

Јасна Гора
Jasna Góra
Статусактивна
Локација
ЛокацијаЧенстохова, Полска
Карта
Иконата „Црна Богородица Ченстоховска

Јасна Гора (полски: Jasna Góra, изг. јасна гура) е манастирска црква која се наоѓа во градот Ченстохова, Полска. Христијанскиот храм е едно од најпознатите светилишта посветени на Пресвета Богородица и место кое често е посетувано од страна на поклониците од целиот христијански свет. ИконатаЦрна Богородица Ченстоховска“, која според митот има чудотворна моќ, е едно од најскапоцените богатства на комплексот.[1]

Манастирот е основан во 1382 година, од страна на редот Павлини кои дошле од Унгарија по покана на ополскиот војвода Владислав. Манастирот е една од најголемите туристички атракции во земјата. На иконата, во која Пресвета Богородица е насликата заедно со малиот Исус претставувала пример за изработување на многу аналогни икони во православниот свет.[2] Чудотворенијата на иконата се потпираат пред сè на опсадата на градот во времето на шведската инвазија на земјата, во кој Полјаците на крај излегле како победници, принудувајќи ја Шведска да се повлече.

Наводи

  1. „Портал на Ченстохова“. © Urząd Miasta Częstochowy, Śląska 11/13, 42-217 Częstochowa. Посетено на 2008-10-22.
  2. „Jasna Góra“. copyright 1998-2008 Copyright by Klasztor OO. Paulinów Jasna Góra - Częstochowa. Посетено на 2008-10-22.

Надворешни врски

50°48′45″N 19°05′50″E / 50.81250°N 19.09722°E / 50.81250; 19.09722

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya