Полски јазик (język polski, polszczyzna) — службен и национален јазик на Полска и е најголемиот јазик во групата на западнословенски јазици, а додека според популарноста од сите словенски јазици е на второ место веднаш зад рускиот. Развојот на полскиот јазик е независен и задржал поголем број од одликите на старословенскиот јазик. Јазикот има богата книжевност, преведена на сите светски јазици. Полскиот јазик се пишува со полската азбука, варијанта на латиницата.
Географска распространетост
Околу 97% од полските граѓани се изјасниле дека полскиот јазик им е мајчин јазик. Поради Втората светска војна, границите на Полска се промениле но не се пресликало на етничките полски територии. Прогонот и масакрирањето на полјаците за време на Војната го намалил бројот на етничките полјаци и демографската слика на Полска. Полските територии анектирани од страна на СССР после војната не овозможило значителен број на полјаци од тие територии да се отселат и мигрираат. Така, етнички полјаци има во Литванија, Белорусија и Украина.
Во САД, бројот на полјаци достигнува повеќе од 11 милиони, од кои повеќето не зборуваат полски многу добро. Според пописот во 2000 година во САД околу 667.414 американци се изјасниле дека дома зборуваат полски јазик и најмногу полјаци има во државите: Илиноис, Њујорк и Њу Џерси.
Полскиот јазик станал похомоген јазик во втората половина на XX век како резултат на миграцијата на полјаците од источниот кон западниот дел од земјата по анектирањто на Креси од страна на СССР во 1939.
Жителите од различните делови на Полска зборуваат стандарден полски јазик, иако помеѓу себе се разликуваат во одредени црти. Полјаците немаат проблеми при разбирањето на овие дијалекти, но тоа не е случај со странците кои го учат јазикот.
Поглавните групи на полските дијалекти се:
Голем полски, се зборува во западниот дел од земјата
Малополски, се зборува во јужниот и југоисточниот дел од земјата
мазовски се зборува во централните и источните делови на Полска. Овој дијалект/ јазик е сличен со кашупскиот јазик.
шлески, се зборува во југозападниот дел од Полска. (контраверзен)
Полскиот има шест орални и две носни самогласки. Полскиот систем на согласки е посложен: карактеристично за овој јазик е постоењето на серија африкатни и непчани согласки, како последица на палатизацијата на старословенскиот јазик и како палатизација која се случила само кај полскиот и белорускиот јазик.
Буквите Q (ku), V (fau) и X (iks) не се дел од полската азбука, но се случува да се сретнат при пишување на имиња и некои странски зборови. Вредностите на овие букви се заменети со K, W и KS/GZ.
Покрај стандардните букви, полскиот јазик користи и неколку диграфи:
Големи
HTML код
Мали
HTML код
Стандардна фонетска вредност
Други фонетски вредности
Ch
ch
[x]
[ɣ]
Cz
cz
[t͡ʂ]
[d͡ʐ]
Dz
dz
[d͡z]
[t͡s], [d͡ʑ], [d-z]
Dź
DŹ
dź
dź
[d͡ʑ]
[t͡ɕ], [d-ʑ]
Dż
DŻ
dż
dż
[d͡ʐ]
[t͡ʂ], [d-ʐ]
Rz
rz
[ʐ]
[ʂ], [r-z]
Sz
sz
[ʂ]
[ʐ]
Покрај тоа што полскиот јазик ги следи фонетските правила при пишување, некои гласови можат да имаат повеќе од една запишана форма:
[x] како h или ch
[ʐ] како ż или rz (иако rż го означува гласот [r-ʐ])
[u] како u или ó
меките согласки се запишани јаји ć, dź, ń, ś, ź, или ci, dzi, ni, si, zi (ć, ń итн. се пишуваат пред согласка или на крај од зборот, додека ci, ni итн. се користат пред самогласки a, ą, e, ę, o, u; c, dz, n, s, z самостојно се користат пред i.)
Во некои зборови rz исто може да има звучна вредност [r-z]. Таква вредност има на пример во сите форми на глаголот zmarznąć (замрзне) и во некои зборови од странско потекло.
Wszyscy ludzie rodzą się wolni i równi pod względem swej godności i swych praw. Są oni obdarzeni rozumem i sumieniem i powinni postępować wobec innych w duchu braterstwa.
Македонски
Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.