Јајце (маглина)Координати:
Јајце (маглина) (позната и како RAFGL 2688 иCRL 2688) — биполарна протопланетарна маглина приближно на растојание од 3.000 светлосни години од Земјата. Нејзините невообичаени својства првпат биле опишани во 1975 година со податоците од 11 µm преглед добиен од Геофизичката лабораторија на Воздушните сили на САД од 1971 до 1974 година. (Претходно, објектот е каталогизиран од Фриц Цвики како пар галаксии.) Маглината е дефинирана од низата сјајни лакови и кружници околу централната ѕвезда. Густ слој од гас и прашина ја обвива централната ѕвезда, блокирајќи ја можноста да ја забележиме директната светлина. Сепак, светлината од ѕвездата се пробива низ потенките области на прашината, осветлувајќи ги надворешнитеслоеви на гас, создавајќи ги лаковите забележани на сликата од вселенскиот телескоп Хабл. Облакот од прашина околу централната ѕвезда е налик на диск. Биполарните изливи на сликата укажуваат дека системот има аголен импулс, што најверојатно е создаден од насобирачкиот диск. Дополнително, геометријата на дискот е причината за променливата дебелина на облакот прашина, што пак овозможува на светлината да побегне долж оската и да ги осветли надворешните слоеви на гасот, но сè уште е блокирана можноста да се види директно. Иако дисковите прашина се потврдени на неколку ѕвезди по напуштањето на асимптотската гранка на џинови, сè уште не е потврдено постоењето на дискот кај маглината. Маглината била фотографирана од страна на вселенскиот телескоп Хабл. Маглината оддава поларизрана светлина[3] што исто така може да се забележи и во видливиот дел со среден телескоп.[4] Галерија
БелешкиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia