Полупречник[1][2] или радиус[3][4] на еден круг, кружница или сфера — отсечка која се протега од нејзиниот центар до нејзиниот раб. Полупречникот на една кружница или сфера е должината на таа отсечка. Тој претставува половина пречник.[5][6]
Еден круг (кружница, сфера) има безброј многу отсечки-полупречници, но сите ја имаат истата должина!
Таа должина исто така се вика полупречник. (По дефиниција, кружница е множеството на сите точки кои се со истото растојание R од една точка, т.е. центарот.)
↑San Diego State University (2004). „Curves, Polygons and Circles“(PDF). Oxford University Press. Архивирано од изворникот(PDF) на 2014-11-18. Посетено на 2014-07-12. (англиски)