Јоанис Симаникас
Јоанис Симаникас (грчки: Ιωάννης Σημανίκας) бил грчки револуционер, член на Етники етерија, Елиномакедонскиот комитет, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија. ЖивотописСиманикас е роден во Негуш, тогаш во рамките на Османлиското Царство. Станал член на Етники етерија, а подоцна се приклучува и во Елиномакедонскиот комитет, како близок соработник на Димитриос Калапотакис. Калапотакис во август 1904 година го препорачал кај капетанот Евтимиос Каудис, дејствувал во Преспа и Леринско. Потоа застанал на чело на самостојна андартска чета и со неа имал судир кај Ошчима со четите на Митре Влаот и Атанас Кршаков. Подоцна дејсвувал со Георгиос Катехакис. Во 1906 година го обиколувал Берско, но неговата чета била разбиена. По Младотурската револуција бил принуден да ја напушти Македонија и заминал за Атина. Учествувал во Првата балканска војна и со својата чета влегол во Негуш, протрувајќи ги Османлиите [1][2][3][4] Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia