Јованови посланија![]() Јованови посланија — три од соборните посланија на Новиот завет за кои се смета дека се напишани помеѓу 85 и 100 г.[1] Највеќето стручињаци се согласуваат дека трите се дела на еден ист автор, иако неговиот идентитет останува нерешено прашање.[2][3][4] Прво послание![]() Ова послание, за разлика од другите две, е напишано повеќе како проповед, наменета меѓу луѓето да ја зајакне верата во Христа, да им образложи зошто тој, како Син Божји можел сепак да има овоземски живот и да пострада човечка смрт.[5] Второ посланиеПосланието е напишано како кратко писмо од „презвитерот“ (старешината) до неименувана „избрана госпоѓа“ и нејзините чеда кои ги љубел.[6] Во писмото Јован предупредува да не се примаат во домот измамници (лажни учители), придржување кон вистината и избегнување на таинственоста. Трето посланиеТретото послание исто така е кратко писмо од „презвитерот“ упатено кон извесен Гај како возљубен пријател. Се зборува за Диотреф кого Гај го изгонил од црквата поради властољубието и тоа што поттикнувал непријателство против духовните пратеници во црквата. Се смета дека посланието го доставил Димитриј, кој исто така е споменат во него. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia