Павлови посланија![]() Павлови посланија или Посланија на Апостол Павле — тринаесет книги од Новиот завет припишани на Апостол Павле, иако авторството на некои од нив е несигурно. Меѓу нив се некои од најраните денес постоечки христијански документи. Даваа увид во верувањата и споровите за време на раното христијанство. Како дел од канонот на Новиот завет, претставуваат основоположнички текстови за христијанската теологија и етика. Иако не се води под негово име, Посланието до Евреите традиционално му се припишува на Павле; црковниот отец Ориген фрлил сомнеж врз неговото авторство уште во III век, а почнувајќи од XVI век постепено преовладеало мислењето дека не е напишано од Павле, претежно поради несложување во стилот и содржината.[1] Највеќето стручњаци се согласуваат дека Павле е автор на седум од посланијата, а дека четири од нему припишаните се впрочем псевдоепиграфски (Ефесјаните, 1 Тимотеј, 2 Тимотеј и Тит[2]) и дека уште две имаат сомнително авторство (2 Солуњаните и Колосјаните).[2] Според некои богословски познавачи, Павле ги напишал овие писма со помош од неговиот писар,[3] кој извршил влијание врз стилот, ако не и врз самата теолошка содржина. Павловите посланија во денешните изданија на Новиот завет (вклучувајќи ги македонските) обично се сместуваат меѓу Делата на светите апостоли и Соборните посланија. Меѓутоа, во највеќето грчки ракописи Соборните посланија се први,[4] а во неколку минускулни ракописи (175, 325, 336 и 1424) Павловите посланија стојат на крајот од Новиот завет. РедоследПо редоследот во кој се водат, Павловите посланија се следниве:
Овој редослед е извонредно доследен во ракописната традиција, со многу малку отстапувања. Наредени надолно, според должината на текстот (на грчки), а четирите пастирски посланија упатени кон поединци стојат на крај. Единствено отстапува Галатјаните, чиј текст е малку подолг од оној на Ефесјаните.[5] Во денешните изданија, формално анонимното Послание до Евреите е сместено на крајот од Павловите посланија, пред Соборните посланија. Ваквото постапување добило на популарност уште со Вулгатата на Јероним Стридонски од IV век, кому му биле познати сомнежите за авторството од постаро време, а истото го следат и највеќето средновековни византиски ракописи речиси без никакви исклучоци.[5] Местото на Евреите меѓу Павловите ракописи е помалку доследно во ракописите:
Авторство на посланијата
Во сите овие посланија освен Евреите, авторот и пишувачот се самоословува како Павле. Меѓутоа, спорните писма може да се напишани под негово име, бидејќи во тоа време припишувањето не било невообичаено.[7] Седумте писма (со општоприафатени датуми)[8] кои највеќето стручњаци ги сметаат за верни:
Писмата за кои постои рамномерно поделено мислење:[2]
Писмата што се сметаат за псевдоепиграфски од 80 % од стручњаците (дадени со традиционалните години):[2]
Иако е анонимно и не е во облик на писмо, Посланието до Евреите одамна се сместува во собраните писма на Павле, иако највеќето сметаат дека не е негово дело.[2] Изгубени Павлови посланијаЧитајќи го Павле, се претпоставува дека напишал уште неколку писма кои не се зачувани:
Собрани посланијаСе смета дека првиот кој ги собрал посланијата бил ранохристијанскиот деец Маркион Синопски на почетокот на II век,[11] иако не е исклучено самиот Павле да ги собирал писмата за подоцнежно издавање.[12] Во времето на Павле било вообичаено испраќачот да чува свој примерок од писмото; зачуваните писма од стариот век во денешните збирки се примероци или на испраќачот или на примачот.[13] Павловата збирка била во оптек одделно од другите ранохристијански писанија и подоцна се придодадени кон Новиот завет.[14] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia