Јован Кировски
Јован Кировски (роден на 18 март 1976 година во Ескондидо, Калифорнија) — американски фудбалер со македонско потекло кој моментално работи како асистент тренер во Лос Анџелес Галакси. Клупска кариераВо 1992, Кировски се приклучил на младинскиот состав на Манчестер Јунајтед и со тоа стана првиот Американец кој заиграл во тој клуб. Откако не добил работна дозвола во Премиер лигата, во 1996 тој потпишал за германскиот Бундеслигаш Борусија Дортмунд во кој поминал четири сезони. Во сезоната 1998/99 тој бил позајмен на второлигашот Фортуна Келн. Во 2000 година Кировски потпишал за португалскиот Спортинг Лисабон, но повторно, не останал долго време во клубот, и после две сезони се вратил назад во Англија во екипата на Кристал Палас. Во 2002, тој потпишал за Бирмингем, но после сезона и пол заминал во САД потпишувајќи за Лос Анџелес Галакси. На 23 јануари 2012, Кировски се повлекол од фудбалот како играч, но останал како тренер во истиот фудбалски клуб. Меѓународна кариераКировски дебитирал за американскиот состав на 18-годишна возраст на 19 октомври 1994 против Саудиска Арабија. Тој бил дел од репрезентацијата на САД на Летните олимписки игри во 1996 како и на Купот на конфедерации во 1999 и 2003. Тренерска кариераВеднаш после неговото повлекување, Кировски станал помошен тренер на Лос Анџелес Галакси.[1]. Во 2013 клубот го назначил за технички директор.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia