Американците според расата се делат на бели Американци и Афроамериканци. Белите Американци се мнозинството. Има 308.000.000 бели Американци во САД или 72.4% од вкупното население според пописот во 2010 година и 38.093.725 Афроамериканци или 12.4%. Останатото население се од две или повеќе раси или американски староседелци.
Американците како тема во уметноста и во популарната култура
„Млади Американци“ (англиски: Young Americans) — песна од истоимениот албум на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1975 година.[19]
„Американец без солзи“ (англиски: American Without Tears) — песна на англискиот рок музичар Елвис Костело од 1986 година.[20]
„Луда Американка“ (англиски: Crazy American) — песна на американската рок-музичарка Сид Стро (Syd Straw) од 1989 година.[21]
„Американецот“ (англиски: The American) — песна на британската рок-група Simple Minds од 1981 година.[22]
Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Американците не се љубоморни зашто повеќе го ценат своето време и здравјето отколку своите жени.[23] Во романот „Сликата на Доријан Греј“, Оскар Вајлд забележува дека повеќето Американки се многу убави и дека убаво се облекуваат. За Американците вели дека имаат цела збирка со евтин хумор, дека се бескрајно интересни луѓе, дека се совршено разумни и дека не прават глупости.[24] Според Френсис Скот Фицџералд, Американците би прифатиле да бидат и слуги, но секогаш тврдоглаво одбиваат да бидат селани.[25] Во расказот „Мачка со исклучителна убавина“, руската писателка Људмила Улицка зборува за „прославената американска бездуховност и тапост“.[26].