Јован Стерија Поповиќ
Јован Стерија Поповиќ (Вршац, 13 јануари 1806 - Вршац, 10 март 1856) бил српски писател и еден од водечките интелектуалци на своето време. Се смета за основач на српската драма.[1] Како министер за образование, на 10 мај 1844 година донел указ со кој е основан Музејот на Србија во Белград, со што се смета за основач на оваа установа. Значење и влијаниеЈован Стерија Поповиќ е најпознат по драмското творештво, но пишувал и поезија. Во својата „Антологија на српската поезија“, Зоран Мишиќ истакнува дека, како поет, Поповиќ е неправедно запоставен, зашто неговите песни, иако страдаат од псевдокласичарски шематизам во мотивите, обработката и задолжителниот поучен карактер, претставуваат редок пример на мисловни и етички преокупации во српската поезија. Во тој поглед, дидактичкиот дух на неговата рефлексивна поезија одамна е застарен, но нејзините уметнички квалитети не треба да се потценуваат, зашто стилските и метричките својства на неговата версификација кријат некои јазични одлики кои можат да послужат како пример и ден-денес. Имено, таква перфекција на јазикот и таква блескава реторика ретко се среќава кај останатите српски романтичарски поети, така што дури и Војислав Илиќ делува неуко во споредба со Поповиќ.[2] Јован Стерија Поповиќ е лик во песната „Стихотворение за покојниот роб Јован Стерија Поповиќ, граѓанин вршачки“ (српски: Stihotvorenije za usopšeg raba Jovana Steriju Popovića, graždanina vršačkog) — песна на српскиот писател Жарко Васиљевиќ.[3] Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia