Национална библиотека на Австралија
![]() Национална библиотека на Австралија (англиски: National Library of Australia, скр. NLA) — најголема референтна библиотека во Австралија, со одговорности согласно пропишаното во Законот за национална библиотека (National Library Act) и има за цел да „чува и развива национална збирка на библиотечен материјал, вклучувајќи опширна збирка на материјали што се однесуваат на Австралија и австралискиот народ.“ Во 2012-2013 г, збирката опфаќала вкупно 6.496.772 единици, како и дополнителни 15.506 метри ракописи.[1] ИсторијаВо формална смисла, Националната библиотека на Австралија како таква е основана со закон во 1960 г., но работи како таква речиси од почетокот. Библиотеката е основана во 1901 г. како „Сојузна парламентарна библиотека“ (Commonwealth Parliamentary Library) со цел да го опслужува новосоздадениот сојузен парламент на Австралија. Денешната зграда на библиотеката е отворена во 1968 г. Дело е на архитектонското биро „Bunning and Madden“. Фоајето е поплочено со мермер и има витражи на Леонард Френч и три таписерии на Матје Матего.[2] ЗбиркиВо 2012-2013 г. библиотеката опфаќала 6.496.772 единици во збирки и уште 2.325.900 единици во одделот за ракописи.[1] Од особено национално значење е збирката „австралијана“ која се однесува на културното наследство на Австралија. Тука се претставени австралиски писатели, уредници и илустратори кои работат во Австралија или во странство. Библиотечната збирка опфаќа материјали во секаков формат — од книги, стручна периодика, мрежни места и ракописи со слики, фотографии, карти, музички партитури, етнографски снимки, музички записи и разгледници, летоци и многу друго.[3] Околу 92,1% од библиотечната збирка е каталогизирана[1] и пребарлива на семрежниот каталог.[4] Библиотеката има дигитализирано преку 174.000 единици од збирката[5] и настојвуа да ги става на располагање на семрежјето, колку што е можно. Претставува светски предводник во техники на електронско архивирање,[6] и има семрежен архив на одбрани австралиски мрежни места наречен „Пандора“ (Pandora Archive). ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
35°17′47″S 149°07′46″E / 35.296379°S 149.129448°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia