Јоже Плечник
Јоже Плечник (словенечки: Jóže Pléčnik), (Љубљана, 23 јануари 1872 - Љубљана, 7 јануари 1957) — словенечки архитект.[1] ЖивотописОд 1894 до 1897 студирал кај виенскиот архитект Ото Вагнер и работел во Вагнеровата архитектонска фирма. Додека бил во студиото на Вагнер, Плечник, се инспирирал од виенската сецесија, позната по користењето на нови, органски модели, геометриски, флорални орнаменти и оригинална естетика и декоративност[2]. Од 1900 Плечник продолжил да создава во Виена, работејќи на проектите - „Куќата Лангер“ (1900) и станбениот блок „Цахерл“ (1903 -1905). Овие рани проекти се одликуваат со рационална организација и планирање, типични за Вагнеровите архитектонски концепти и проекти. Забележлив од тој период е неговиот проект и реализација на црквата на „Светиот Дух“ (Виена, 1910-1913), која е значајна со иновативното користење на лиен бетон. АрхитектПокрај споменатите дела кои ги проектирал во Виена, тој работел и во Чешка, во Прага, најмногу и највпечатливо врз „Претседателската резиденција“, како и на црквата - „Срцето Исусово“[3],[4] Од 1921 година се вратил во Љубљана, поточно го сконцентрирал севкупното свое творечко работење кон целосното урбанистичко, архитектонско и естетско уредување на градот. Од тој период сè до неговата смрт, по Втората светска војна, создал оригинални и специфични архитектонски дела: „Тромостовјето“, „Градскиот пазар“, опкружен со елегантни аркади, уредувањето на севкупниот потез на реката Љубљанчица низ централното подрачје на Љубљана, „Универзитетската библиотека“[5], комплексот на паркови „Тиволи“, „Чевларскиот мост“, љубљанските гробишта Жале, новиот „Магистрат“, бројни детали, распространети низ централното градско јадро: скулптурални столбови, цилиндри и други оригинални, поетични, амбиентални назнаки и украси[6],„Академскиот колегиум“, „Фестивалската сала“, Црквата Св. Михаил на Барје, Бареговото семениште и други. Работејќи на овие објекти, Плечник, успеал да ја промени амбиенталната визура на централниот дел од градот како и Љубљанскиот град – Замокот. Работел и во Загреб, Белград и на повеќе други места[7]. Интересот за неговото творештво сè повеќе е присутен и сè повеќе се превреднува, во најафирмативна смисла[8],[9]. Во Европа биле организирани кон крајот на дваесеттиот век неколку поопсежни изложби, на кои било претставено неговото творештво, естетика, архитектонско и урбанистичко размислување. Поистакнати биле изложбите организирани во Париз и Прага Во 2018 година во Прага, под покровителство на УНЕСКО, посмртно му била доделена европската награда за архитектура. Со ова признание, културната јавност го вбројува во најистакнатите архитекти на дваесеттиот век во Европа[10]. Творештво
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia