УНЕСКО
![]() УНEСКO (англиски: United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization = „Организација за образование, наука и култура на ООН“) — специјализирана агенција на Обединетите Нации основана на 16 ноември 1946 год. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата како метод за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основните слободи. Главното седиште на УНЕСКО се наоѓа во Париз, но постојат уште 53 канцеларии ширум светот. Досега организацијата има 193 земји членки и 11 придружни членки. УНEСKO делува во пет главни програми: образование, природни науки, социологија, култура и комуникации. УНEСKO спонзорира проeкти за писменост, развој на техниката и педагогијата, интернационални науки, проeкти поврзани со регионалната културна историја, проeкти со кои с промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат меѓународните договори за заштита на светското културно наследство. Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год. Под заштита на организацијата кај нас е регионот на Охрид со неговите културни, историски и природни реткости. Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia