Јордан Смилков
Јордан Ангелев Смилков (15 август 1924 во Љубанци, Скопско — 1944 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиштее, а потоа се занимавал со земјоделство. Како симпатизер на народноослободителното движење, активно ја помагал борбата против окупаторот. Собирал храна и други материјали и ги пренесувал на партизаните, кои оперирале во близина на Љубанци. Во неговата куќа била сместена и партизанската фурна. Во октомври 1944 година стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која се борел против балистите во Скопска Црна Гора. Од тешките напори на војувањето, се разболел и бил испратен на лечење во партизанската болница, каде и починал. Неговите останки биле закопани на селските гробишта.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia