Јохан ЕлмандерЈохан Ерик Калвин Елмандер (27 мај 1981) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата напаѓач. Својата кариера ја започнал во Холмалунд кон крајот на 1990-тите години. Продолжил да игра професионален фудбал во Холандија, Шведска, Данска, Франција, Англија и Турција пред да се пензионира во тимот на Оргрите во 2017 година. Професинален интернационалец бил од 2002 до 2015 година. Постигнал 20 гола на вкупно 85 натпревари за репрезентацијата на Шведска и ја претставувал својата земја на: Светското првенство на ФИФА во 2006 година, УЕФА ЕВРО 2008 и УЕФА ЕВРО 2012 година. Во 2011 година, неговиот гол за Болтон Вондерерс, на гостувањето кај Вулверхемптон Вондерерс во сезоната 2010-11, бил прогласен за најдобар гол во историјата на Премиер лигата до тој момент според анкетата на Гардијан.[1][2] Клупска кариераПочетна кариераЕлмандер е роден во Алингсос, општина Алингсос. Тој ја започнал својата кариера како напаѓач за шведските клубови, но се прекомандувал во централен играч за врска и тоа за време додека играл за Холмалундс ИФ и Ергрите. Подоцна тој преминал во холандскиот клуб Фејенорд и тоа кога имал само 18 години, каде што продолжил да игра на позицијата од средниот ред. Тој никогаш не бил член на првиот тим, туку влегувал како замена. Во финалето на Купот на УЕФА во 2002 година, исто така влегол како замена кога тимот постигнал победа со 3:2 против екипата на Борусија Дортмунд.[3] Елмандер подоцна бил ставен на заем и вратен назад во Шведска во тимот на Ѓургарден, каде што ја освоил двојната круна на крајот на сезоната и тоа во Алсвенскан лигата како и во шведскиот куп во 2002 година. Во 2003 година, на него не му бил доделен медал. бидејќи во претходната година имал одиграно премалку натпревари за тимот. Првиот настап за репрезентацијата на Шведска го имал на пријателскиот натпревар против екипата на Грција во февруари 2002 година. Во 2003 година, тој бил позајмен на ривалите од холандската лига на Фејенорд, и на НАЦ Бреда. Брондби ИФ![]() Во сезоната 2004-2005, тој бил купен од Данската Суперлига од тимот на Брондби. И покрај тоа што не постигнал доволно голови за клубот како што се очекувало, тој бил организаторски и креативен дел од тимот на Брондби во сезоната 2004-05 во Суперлигата. Тој играл главно како втор напаѓач веднаш зад единствениотб напаѓач. Оваа формација ја поставил тренерот Михаел Лаудруп, а тоа била 4–3–3. Тимот на крајот на сезоната ја освоил двојната титула и во данската Суперлига и во Купот на државата Данска, а Елмандер бил избран за играч на годината во тимот на Брондби. Во неговите две сезони во екипата на Брондби, Елмандер постигнал 22 гола на 58 натпревари во данската Суперлига, привлекувајќи го вниманието на неколку клубови низ цела Европа. Набрзо бил повикан да ја претставува Шведска на Светското првенство во 2006 година, каде одиграл два натпревари. Елмандер подоцна потпишал четиригодишен договор со францускиот тим Тулуз за сума околу 4.500.000 евра. Договорот бил потпишан на 7 јули 2006 година. ТулузЕлмандер постигнал 11 гола во својата првата сезона за тимот на Тулуз и бил номиниран за играч на годината од неговите колеги, играчи. Наградата сепак на крајот заминала во ФК Лион во рацете на крилниот напаѓач Флоран Малуда. Сезоната му била многу успешна, со тоа што Елмандер му помогнал на тимот на Тулуз да стигне до третото место во француската лига и пласман во квалификациските натпревари на Лигата на шампионите на УЕФА. Втората сезона, слично како и онаа на неговиот тим, била доста понеуспешна, иако тој постигнал ист број на голови како и претходната. Неговите голови не биле толку одлучувачки како претходните од претходната сезона.. Болтон ВондерерсНа 27 јуни 2008 година, Елмандер направил преселба во Премиерлигашкиот клуб Болтон Вондерерс [4][5] за сума од 8,2 милиони фунти која била рекордна за клубот во тоа време. Во договорот бил вклучен и Даниел Браатен, кој требало да се пресели во обратна насока односно во тимот на Тулуз. Елмандер потпишал тригодишен договор, носејќи го дресот со број 9. Тренер му бил Гери Мегсон. Првиот гол на Елмандер во Премиер лигата бил удар со глава, и постигнат на неговиот прв натпревар против тимот на Стоук Сити на 16 август 2008 година во победата од 3:1.[6] Елмандер одиграл 30 натпревари за клубот на Болтон во сезоната 2008-09, постигнувајќи пет гола и две асистенции.[7] Од декември 2008 до септември 2009 година, Елмандер поминал низ деветмесечна гол-суша, која завршила за време на натпреварот во Лига Купот против тимот Вест Хем Јунајтед, бидејќи постигнал гол во минутите од продолжението.[8] Неговиот прв гол во лигашкиот дел бил оној против тимот на Астон Вила кога Болтон загубил со резултат од 5:1. Овој гол бил постигнат по цели 11 месеци апстиненција.[9] Елмандер конечно ја пронашол својата голгетерска форма во сезоната 2010-11, постигнувајќи шест гола на воведните 13 натпревари, сите на гостински терен, односно далеку од стадионот Рибок. Неговите први домашни голови сезоната биле против Њукасл Јунајтед. Сепак, неговата голгетерска форма подоцна се намалила и тој постигнал само три гола во периодот од декември до 12 март кога успеал конечно да даде гол против Бирмингем Сити во натпреварот од шестото коло на ФА Купот.[10] Овој гол му бил 11ти по ред во сите натпреварувања таа сезона. Менаџерот на Болтон, Овен Којл, во интервју на 20 мај изјавил дека очекува Елмандер да се приклучи на тимот на Галатасарај.[11] Елмандер ја потврдил подоцна таа изјава и во месец мај го напуштил клубот.[12] Елмандер во Премиер лигата одиграл 92 натпревари, постигнувајќи 18 гола; 11 настапи имал во ФА Купот,каде постигнал три гола; и пет настапи имал во Лига купот, постигнувајќи само еден гол. Галатасарај![]() На 27 мај 2011 година, Елмандер на неговиот роденден пристигнал во Турција, а на 30 мај 2011 година, Елмандер му се приклучил на тимот на Галатасарај со потпишан тригодишен договор откако истекол неговиот поранешен договор со тимот на Болтон.[13] Тој дебитирал во втората недела од сезоната во Супер Лига, влегувајќи во игра во 61 минута кога и го постигнал својот прв гол во победата од 3:1 на домашен терен над тимот на Самсунспор. Ова се случило на 18 септермври. Поради неговите одлични настапи, тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, ја променил формацијата на тимот во 4–4–2, дозволувајќи му на Елмандер да игра заедно со Милан Барош во нападот. На 26 февруари 2012 година, тој на почетокот на натпреварот го постигнал победничкиот гол на натпреварот против лутиот ривал Бешикташ во победата од 3–2. Исто така постигнал голови на сите дерби натпревари, вклучително и против тимовите на Фенербахче и Трабзонспор. Таа сезона тој постигнал 12 гола на 36 првенствени натпревари во сезона во која Галатасарај на крајот била и шампион на лигата. Елмандер ја започнал сезоната 2012-13 со натпревар против тимот на Касимпаша. Својот прв гол во истата сезона го постигнал во ремито од 3-3 против тимот на Бешикташ. Во четвртата недела од лигата, тој го постигнал првиот гол против Анталијаспор во победата од 4-0 на гостински терен, а на 19 октомври 2012 година, тој постигнал неверојатен гол против екипата на Генчлербирлиги во ремито од 3:3 на гости. Со овој гол Елмандер го задржал првото место во лигата по постигнати голови. Од тимот на Галатасарај заминал во август 2013 година за да се приклучи на премиерлигашот Норвич Сити и тоа како позајмен играч за една сезона. Позајмица на Норвич СитиЕлмандер се вратил во Англија, приклучувајќи му се на тимот на Норвич како позајмица за една сезона од Галатасарај. Својот прв натпревар за тимот на Норвич го имал против екипата на Хал Сити, а своите два први гола ги постигнал против екипата на Бури во Лига Купот на 27 август 2013 година.[14] Неговиот прв натпревар во лигата бил против тимот на Саутемптон на 31 август 2013 година. Елмандер својот прв лигашки гол го постигнал против Саутемптон во поразот од 4–2 на гостински терен на 15 март 2014 година.[15] Тој не успеал да ги импресионира сопствениците на Норвич, иако успеал да ги освои срцата на многу фанови со неговите настапи и големата желба за игра. Враќање во БрондбиНа 24 јуни 2014 година, Елмандер се вратил во Брондби во Данска преку слободен трансфер, потпишувајќи двегодишен договор, по истекот на неговиот договор со Галатасарај. По враќањето во клубот му бил подарен дресото со омилениот број 11.[се бара извор] Враќање во Оргрите и пензионирањеЕлмандер ја поминал својата последна сезона како професионален фудбалер во тимот Оргрите, постигнувајќи 5 гола на 25 натпревари во сите типови на натпреварувања.[16] Меѓународна кариераЕлмандер играл за репрезентацијата на Шведска на Светското првенство во фудбал во 2006 година во Германија, потоа на УЕФА ЕВРО 2008 во Австрија и Швајцарија и на УЕФА ЕВРО 2012 година во Украина и Полска. Тој се повлекол од државната репрезентација во ноември 2015 година, откако одиграл вкупно 85 натпревари и постигнал 20 гола.[17] Приватен животЕлмандер има двајца браќа едниот Питер и другиот Патрик кои исто така се поранешни професионални фудбалери.[18] Тој се оженил на 27 декември 2007 година со љубовта од средншколските години Аманда Калвин на раскошна церемонија во нејзиниот роден град Хемсјо, Шведска. Двојката Елмандер имала преку 200 гости, вклучувајќи ги и поранешните соиграчи Ким Келстром и Џон Јонсон. На нивната венчавка настапил пејачот, шведскиот идол Кристофер Хидинг.[19] Во август 2008 година, двојката Елмандер го објавила раѓањето на нивното прво дете.[20] На 18 ноември пак 2010 година, било објавено дека сопругата на Елмандер родила девојче по име Лили.[21] Статистика во кариератаКлупска статитика
Меѓународни натпревариНастапи и голови на годишно ниво[22]
* Натпреварот е прекинат. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia