Фудбалска репрезентација на Молдавија
Фудбалската репрезентација на Молдавија (романски: Echipa națională de fotbal a Moldovei) ја претставува Молдавија во фудбалските натпреварувања и е контролирана од Фудбалската молдавска федерација, управувачкото тело за фудбал во Молдавија. Домашен терен на Молдавија е Стадионот Цимбру во Кишињев, а нивни главен тренер е Енгин Фират. По распадот на Советскиот Сојуз, тие го одиграле својот прв натпревар против Грузија на 2 јули 1991 година. Два од нивните три најдобри резултати во 90-тите години, дошле за време на квалификациите за Европското првенство 1996, со победи над Грузија (1:0) во Тбилиси, и Велс (2:3) во Кишињев. Во 2007 година, Молдавија остварила многу добар резултат, совладувајќи ја Унгарија со 3:0 во Кишињев во квалификациите за Евро 2008. Нивниот најдобар неодамнешен резултат била победа од 5:2 над Црна Гора за време на квалификациите за Светското првенство 2014. Репрезентацијата никогаш до сега не се квалификувала во завршницата на Европското првенство, ниту на Светското првенство сè до овој моментот. После 4:0 поразот на Молдавија од Англија во септември 1997 година, британскиот писател и комичар Тони Хокс патувал во Молдавија за да ги предизвика и да ги победи сите 11 репрезентативци на Молдавија во тенис. Книжевната филмска верзија на книгата со исто име, Играње на Молдавците во тенис, била снимена во и околу Кишињев во мај и јуни 2010 година и била објавена во пролетта 2012 година. ИсторијаФудбалската федерација на Молдавија била основана во 1990 година. Сепак, фудбалската репрезентација на Молдавија не одиграла службен меѓународен натпревар до 1991 година, кога Молдавија загубила од Грузија. Првиот обид на Молдавија да се квалификува на Светското првенство било во 1998 година, но тие не успеале да се квалификуваат на турнирот. Молдавија завршила или последна или втора последна во сите квалификувачки кампањи за турнирите, до сега, освен квалификациите за УЕФА Евро 2008, во кои завршиле на петтото место од седум репрезентации, во групата Ц со 12 бода. Натпреварувачки учинокСветско првенство
Европско првенство
Лига на нации
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia