Југозападно играорно подрачјеПод Југозападни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од Брсјачката етнографска целината, а тоа се регионите: Дебрца, Малесија, Железник, Порече, Струшки Дримкол, Струшко Поле, Мариово, Тиквеш, Прилепско Поле, Битолско Поле, Цапарско Поле, Горни битолски села, Кичевија и Охридско Поле. Одлики на ората![]() Од аспект на традиционалната игра, Брсјаците во однос на нивните соседи, Мијаците, секогаш биле поимани коко многу послободни во изразувањето на традиционалната игра. Главен инструмент во придружба на играта е гајдата, која може да се свири соло, а може и во пар. Брсјаците биле особено талентирани за инструментот гајда, така што во едно село можеле да се сретнат и до дваесет гајдаџии. Женски стилски одлики на ората од ова подрачје се: поголема слобода во играчкото изразување, посложени играчки чекори, ситни и умерени метро-ритмички обрасци, балансирани чекори, држење за раце во долна позиција или подигнати во висина на половината. Машки стилски одлики на ората од ова подрачје се: чекори со подскоци, скокови, сложени играчки обрасци, држење за рамо и за подигнати раце во висина на гради.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia