Јужна Англија
Јужна Англија е географска област во Англија која го зафаќа нејзиниот најјужен дел кој се одликува со културни, економски и политички разлики од Мидлендс и Северна Англија. Разликата помеѓу југот и остатокот од Англија и Велика Британија понекогаш се нарекува поделба на север и југ. Со вкупно население од речиси 28 милиони жители; и површина од 62042 квадратни километри, во Јужна Англија живее приближно 40% од населението од Обединетото Кралство и зафаќа приближно 25% од неговата површина. ГеографијаЈужна Англија се граничи со Велс, англискиот регион Мидлендс и преку море со Франција, Белгија и Холандија. Лондон е најголемиот град во Јужна Англија и е главен град на Обединетото Кралство. Метрополитенската област Лондон има население од 14,2 милиони (2019), со што тој е најголемата метрополитенска област во Европа.[1] Демографски податоциЈазикЈужна Англија има дијалект и акцент различен од другите делови на ОК. Поради важноста на Југот во медиумите и политиката, стандардниот британски англиски во голема мера се заснова на англискиот што се зборува во Јужна Англија. На пример, стандардниот британски изговор е многу сличен со говорот во Лондон, Оксфорд и Кембриџ.[2] КорнскиКорнскиот јазик е оживеан јазик и е важен дел од идентитетот и културата на народот од Корнвол.[3] Административна поделбиРегиониЗа економски и географски цели, Јужна Англија е поделена на четири подрегиони: Југозападна Англија, Југоисточна Англија, Голем Лондон и Источна Англија. Церемонијални грофовииВо многу дефиниции, Јужна Англија вклучува многу окрузи на/близу Ламанш. Церемонијалните грофовии се:
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia