Јужна Курландија
Јужна Курландија или Јужно Курземе (латвиски: Dienvidkurzemes novads) — општина во западна Латвија. Го опкружува градот Лиепаја, трет по големина во земјата. Основана е со административната реформа во 2021 г. Седиште е паланката Гробиња.[4] Географија![]() ![]() ![]() ![]() Јужна Курландија е најголемата општина во Латвија со површина од 3.591 км2.[1] Сместена е во југозападниот дел на областа Курландија во западна Латвија, на брегот на Балтичкото Море. Се граничи со општините Вентспилс на север, Кулдига на североисток и Салдус на исток. Територијално го опкружува пристанишниот град Лиепаја на запад.[6] На југ и југоисток се граничи со Клајпедскиот и Телшјајскиот округ во Литванија. Најзападната точка на латвија е ’ртот Бернати во жупата Ница јужно од Лиепаја.[7][8] Бреговата линија на општината Јужна Курландија е долга преку 100 км.[9] Ерозијата на брегот северно од Лиепаја е забрзана од бранобраните на пристаништето кои го попречуваат преносот на песок во северен правец долж брегот. Брегот јужно од Лиепаја има песокливи плажи и дини, зад кои се наоѓаат лагуни и мочуришни низини. Најголеми лагуни се езерата Лиепаја и Тосмарес на општинската граница со Лиепаја, како и езерото Папе крај границата со Литванија.[10] Возвишението Риетумкурса се издига источно од крајбрежната низина, при што највисока точка во општината е Криевукалнс (190 м) во жупанијата Ембуте.[2] Низ општината течат реки како Барта (која тече од Литванија и завршува во езерото Лиепаја), Дурбе и Тебра, кои се слеваат образувајќи ја реката Сака кај истоименото село. Сака се влева во Балтичкото Море кај Павилоста. Природниот резерват Папе зафаќа површина од 10.853 ха и го опфаќа езерото Папе со околните предели.[11] Го сочинува копнениот дел од Моклишниот комплекс Папе кој е рамсарско место, но и соседниот морски предел, со вкупна површина од 51.725 ха.[12][13] Природниот парк Бернати ги опфаќа ’ртот Бернати и ридот Пусену, највисоката песочна дина во Латвија со 37 м.[8] Во северниот дел на општината е Природниот резерват Грињу. ИсторијаОпштината Јужна Курландија површински одговара на поранешниот округ Лиепаја (1991-2009). Со укинувањето на окрузите во 2009 г. овој округ е поделен на општините Ајзпуте, Дурбе, Гробиња, Ница, Павилоста, Приекуле, Руцава и Вајњоде. Во 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Споменатите општини се споени, и така е создадена општината Јужна Курландија. Административна поделбаОпштината има 19 советници.[14] Граѓанската заштита, образованието и комуналиите се заедничка надлежност на општината и градот Лиепаја.[4][15] Општината е поделена на 5 паланки и 26 жупи:[4][15]
НаселениеВо 2021 г. општината броела 33.364 жители. Ова претставува пад од 28 % во однос на 46.451 жители во 2000 г. и пад за 13 % во однос на 38.351 жители во 2011 г.[3][6] Општинското седиште Гробиња во 2021 г. имало 3.522 жители. Најголемо населено место е Ајзпуте, со проценето население од 4.036 жители за истата година.[16] Стопанство и инфраструктураПозначајни гранки во Јужна Курландија се туризмот, земјоделството, шумарството и риболовот.[9] Поважни сообраќајни врски се државниот пат A9 од Лиепаја за Рига и A11 од Лиепаја за граничниот премин кај Руцава. Во правец исток-запад низ општината се протега железничката линија Јелдава-Лиепаја. Во општината е сместен и Меѓународниот аеродром Лиепаја, во Цимдениеки веднаш источно од Лиепаја. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia