Валмиера (општина)
Валмиера (латвиски: Valmieras novads) — општина во северна Латвија, на околу 180 км западно од главниот град Рига. Основана е со административната реформа во 2021 г. Седиште е градот Валмиера. Географија![]() ![]() Општината Валмиера зафаќа површина од 2.948 км2.[1] Се наоѓа во северозападниот дел на областа Виѕеме во северна Латвија, на границата со Естонија. Се граничи со општините Валка на исток, Смилтене на југоисток, Цесис на југ и Лимбажи на запад. Исто така се граничи со естонските окрузи of Перну на северозапад, Вилјанди на север и Валга на североисток. Најсеверната точка на Латвија е сместена на границата со Естонија во жупата Ипиќи и е обележана со скулптура.[2] Највисока точка во општината е Зилајскалнс со надморска висина од 127 м.[3] Старите Латгалци овој рид го сметале за свет, а на него во советско време живеела народната исцелителка Марта Зилајскалнска.[4] Возвишението Сакала се протега од јужна Естонија во северниот дел на општината, и неговата највисока точка во Латвија е ридот Пикас со 107,6 м.н.в.[5] Поважни реки во општината Валмиера се:
Северниот дел на општината влегува во Биосферниот резерват Северно Виѕеме. ИсторијаВо 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Општината Валмиера е образувана со спојување на градот Валмиера со дотогашните општини Беверина, Буртниеки, Коцени, Мазсалаца, Наукшени, Рујиена и Стренчи.[8] Со исклучок на општината Стренчи, овие единици биле составни делови на поранешниот округ Валмиера. Административна поделбаВо 2021 г. општинскиот совет на валмиера имал 19 члена.[9] Општината се дели на градот Валмиера, 4 паланки и 26 жупи:[8][10]
НаселениеВалмиера е втора општина по населеност во Латвија, веднаш по Огре.[11] Се проценува дека во 2021 г. во неа живееле 51.370 лица. Ова претставува пад за 24 % од проценетите 67.433 во 2000 г. и пад од 11 % во однос на 57.854 жители на во 2011 г.[1] Градот Валмиера брои 22.971 жители (2021).[12] Стопанство и инфраструктураВо 2018 г. градот Валмиера имал БДП по глава на жител од 16.918 евра, на второ место по главниот град Рига.[13] Претставува регионално средиште на производството и образованието.[14][15] Во градот се наоѓа Виѕемската виша школа. Низ општината оди државниот пат A3 и железничката линија Рига-Лугажи,[3] која ја поврзува Валмиера со Рига на југозапад и Валка на североисток (на естонската граница). Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia