Јуми НакаџимаЈуми Накаџима (јапонски: 中島由美, Yumi Nakajima) е познат македонист и дијалектолог. Професор по славистика и македонски јазик во Државниот Универзитет во Токио.[1] Јуми е дијалектолог и професор по славистика. На специјализација била во Нови Сад како стипендист од Јапонија. Студирала во Скопје, македонски јазик и литература и упатена и раководена од професор Видоески. Јуми Накаџима учествувала на повеќе семинари за славистика. Таа со проучување на македонскиот јазик се занимава веќе 25 години[2]. Јуми Накаџима има издадено мал разговорник на македонски јазик а во подготовка е и речник и проширување на македонскиот разговорник. Исто така, Јуми досега има издадено и преводи на делата на Кочо Рацин, Блаже Конески и на браќата Миладиновци, објавени на јапонски јазик[2]. Цитати
НаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia