Јуси Веиканен
Јуси Веиканен (фински: Jussi Veikkanen; р. 29 март 1981) — поранешен фински професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал од 2002 до 2015 година. Веиканен ја започнал неговата кариера со екипата Меларенерџи и станал професионален велосипедист во 2005 со Франсес де же. Го освоил националното друмско првенство седум пати помеѓу 2003 и 2014 година. По долго бегство на втората на Тур де Франс 2009 ја добил посакуваната маичка во планинскиот пласман. Ја носел до шестата етапа, кога ја преземал Стефан Оже. Потпишал за Омега Парма-Лото за сезоната 2011,[1] но повторно се вратил во ФДЖ-БигМет за сезоната 2012.[2] Веиканен објавил пред Тур де Вандеја 2015 дека трката ќе биде негова последна како професионален возач и дека ќе остане со ФДЖ како член на екипата по повлекувањето од трките.[3] Достигнувања
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia