Вуелта а Еспања 2013 било 68. издание на Вуелта а Еспања. Вуелта започнала во Галисија на 24 август 2013. Пет дена се возела низ Галисија, а потоа продолжила кон другите шпански области, како Кастиља и Леон, Екстремадура, Андалусија, Арагон, Каталонија, Ла Риоха, Кантабрија и Астурија, пред да се врати во Мадрид за последната етапа на 15 септември.[1][2] Вуелта поминала и низ две соседни земји, Андора и Франција. Системот за бонификација за генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2013 бил следен: 10 секунди за етапните победници, 6 секунди за второпласираните, 4 за третопласираните.[3]
Крис Хорнер ја освоил Вуелта а Еспања 2013 на возраст од 41 година на 15 септември 2013, станувајќи најстариот победник на некој Гранд Тур.[4][5][6]
Деветнаесетте UCI World Tour екипи биле автоматски повикани на трката, додека три специјални покани биле испратени до професионалните континентални екипи.[7]