Љубојнски манастир
Љубојнски манастир − македонски православен манастирски комплекс сместен на околу 1 километар југоисточно од преспанското село Љубојно, во коријата над селото. Неговиот комплекс го сочинува црквата „Св. Петар и Павле“, чешмата и камбанаријата. Црквата „Св. Петар и Павле“ се одликува со архитектура од двете светски војни, изградена во 1923 година од страна на браќата Никола и Јоше Стасовски.[1] ИсторијаЦрквата, но и самиот манастир, биле изградени во 1923 година со средства обезбедени од браќата Никола и Јоше Стасовски.[1] Објекти
Главната и единствена манастирска црква е посветена на Света Петар и Павле.[2] Црквата е сместена во пошумениот дел од планината, на едно мало плато над селото Љубојно. Од селото до црквата се стигнува по земјен шумски пат за околу 30 минути. Црквата била подигната во 1923 година, што може да се забележи и од натписот на западната фасада со средства на Никола Христов Стасовски од селото Љубојно.
Од северната страна, практично на самиот влез во манастирскиот комплекс, се издигнува камбанаријата, со дрвени скалила, од каде се овозможува прекрасна глетка кон селото Љубојно и Преспанското Езеро.
Јужно од црквата, во непосредна близина се наоѓа чешмата, која според натписот е изградена истовремено со храмот. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia