Црква „Св. Петар и Павле“ - Љубојно
Свети Петар и Павле — главна манастирска црква на Љубојнскиот манастир, во селото Љубојно, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа 1 километар југоисточно од селото, во коријата над селото, сместена на доминантна височинка оградена со високи ридови и густа шума.[1] Црквата била изградена во 1923 година од браќата Никола и Јоше Стасовски.[1] ГрадбаЦрквата е сместена во пошумениот дел од планината, на едно мало плато над селото Љубојно. Од селото до црквата се стигнува по земјен шумски пат за околу 30 минути.[2] Црквата била подигната во 1923 година, што може да се забележи и од натписот на западната фасада со средства на Никола Христов Стасовски од селото Љубојно.[2] Фасадите на западната, јужната и северната се украсени во согласност со архитектурата од периодот на двете светски војни. Во горните делови имаат триаголни завршетоци, врз кои се надоврзува кровната конструкција во облик на крст во чие средиште се издигнува куполата, со осумстраниот тамбур. Со внатрешноста на храмот се комуницира преку двата влеза на западната и северната фасада. Ентериерот е решен без употреба на столбови. Таванот е конструиран од два вкрстени полукружни сводови, на чие средиште е куполата од која се спуштаат висечки пандантифи, лачно поврзани помеѓу себе. Низ четирите прозорци поставени на тамбурот се обезбедува осветлувањето на куполниот простор, кој е насликан во целост.[2] ИконостасИконостасот е подигнат од висинската кота на подот од наосот со помош на три скалила по целата широчина на храмот. Претставува едноставна дрвена преграда со два реда на икони, царски двери и врата на северниот дел.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia