Џамија Лалели

Џамија Лалели
Laleli Camii
Религија
Припадностислам
Година на осветување1760
Локација
ЛокацијаИстанбул, Турција
Карта
Географски координати41°00′36″N 28°57′24″E / 41.01000°N 28.95667°E / 41.01000; 28.95667
Архитектура
Архитект(и)Мехмет Тахир Ага
Типџамија
Стилбарок
Завршена во1763
Спецификации
Висина на куполата (надворешна)24,5 метри
Dome dia. (outer)12,5 метри
Минаре(иња)2
Материјалигранит, мермер

Џамија Лалели (турски: Laleli Camii) — џамија која се наоѓа во Фатих, Истанбул, Турција[1].

Историја

Џамијата била изградена во времето на османлискиот султан Мустафа III во периодот од 1760 до 1763 година во стил на барок од страна на отоманскиот архитект Мехмед Тахир Ага. Џамијата била разрушена во 1783 година од пожар. Исто така и од пожарот во 1911 година биле уништени медресите. Во моментот има две минариња.

Џамијата била изградена од наемнината на еден комплекс од продавници кој се наоѓа до самата џамија. Самата џамија се состои од една голема просторија од осум огромни столбови[2].

Џамијата има форма на правоаголник, со галерија на западната страна. Ѕидовите се шарени, со мермер во црвена, сина и жолта боја, украсени со разновидни медалјони и скапоцени камења. Михработ и минберот се исто така украсени со скапоцени камења. Внатрешноста е добро осветлена со многубројните прозорци.

Куполата на џамијата е висока 12,5 метри со пречник од 24,5 метри.

Во оваа џамија се наоѓаат гробовите на султанот Мустафа III и неговото семејство.

Галерија

Наводи

  1. Laleli Complex Архивирано на 25 мај 2006 г.. ArchNet
  2. Freely, Blue Guide Istanbul
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya