Џамија Шабанџи Меркез
Џамијата Шабанџи Меркез (турски: Sabancı Merkez Camii) се наоѓа во Адана, Турција и е една од најголоемите џамии во Турција[2]. Надворешноста на џамија приликува на Султан Ахмедовата џамија („Сина џамија“) во Истанбул, додека пак внатрешната декорација е слична на Селимовата џамија во Едрене. ИсторијаЏамијата Шабанџи Меркез била целосно отворена во 1998 година. Таа е изградена на вкупно 52.600 квадратни метри земјиште и има затворена површина од 6.600 квадратни метри.[3] Џамијата била изградена заеднички од страна на Турската религиозна фондација и фондацијата Шабанџи Меркез. Сопственоста на џамија е во рацете на Аданската религиозна фондацијата и муфтијата на џамијата. Џамијата Шабанџи Меркез била изградена на пресекот на главните артерии, железнички линии и патишта кои ја поврзуваат Адана со околните градови и региони. Џамијата е речиси симбол на градот, каде своите високи минариња се видливи од речиси сите страни во градот. Џамијата, која има капацитет од 28.500 луѓе, е симбол како една од најголемите џамии на Балканот и Блискиот Исток. Џамијата се наоѓа на бреговите на реката Сејхан. Таа има т.н. величествена структура со 6 минариња. Постојат осум столбови кои лежат на главната купола, која пак има пречник од 32 метри. Висината на главната купола е 54 метри од подот. Четирите минариња, кои се во непосредна близина на главната зграда, се високи 99 метри, а другите две минариња кои се со полузатворен трем се високи 75 метри. Во џамијата постои комплекс којшто вклучува 4 училници, 10 итикаф соби, соби на имамот и муезинот, фонтана итн. Целата калиграфска уметност во џамијата му припаѓа на Хусеин Култу. Галерија
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia