Џамија (Обедник)

Џамија (Обедник)

Поглед на џамијата

Координати: 41°09′35″N 21°09′31″E / 41.15972°N 21.15861°E / 41.15972; 21.15861
Место Обедник, Македонија
Местоположба

Карта

Архитектура
Минариња 1

Џамија (Обедник) — главна и единствена џамија во демирхисарското село Обедник, Македонија.[1]

Местоположба

Џамијата се наоѓа скоро на самото сретсело, на брегот на реката Обедничица и патот што води за селото Смилево.[2]

Историја

Џамијата е изградена на постари темели. Обновувана е повеќепати низ годините.[2]

Во мај 2007 година, во џамијата бил подметнат опожар од непознати сторители,[3] по што било најавено нејзиното обновување од страна на Владата на Република Македонија во соработка со Исламската верска заедница.

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 60. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Јанкулоска кај опожарената џамија[мртва врска]“, Вечер, 21 мај 2007.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya