Исламска верска заедница![]() ![]() ![]() Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ; турски: M.C. İslam Birliği; албански: Bashkësia Fetare Islame e Maqedonisë) претставува заедница на населението со исламска вероисповед, чиј број според пописот од 2002 година изнесува 674.015. Од осамостојувањето на Македонија, ИВЗ претставува самостојна организација со структура со Џематски одбор, Муфтиство во земјата и во странство, Собрание на муфтиството, Ријасет на ИВЗ, Реус-улулема, Собрание на ИВЗ, Уставен совет.[1] ИсторијаОрганизирањето на верскиот живот во текот на перидот на Османлиската Држава било под јурисдикција на Шејхул-Исламот во Истанбул, додека по Балканските војни, односно, по Првата светска војна, верскиот живот на муслиманите бил под јурисдикција на Реис Улема, со седиште во Сараево, Босна и Херцеговина. Инаку, Исламската заедница во Македонија била составен дел на Исламската заедница на Кралството Југославија, а потоа, во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на поранешната државна заедница и по осамостојувањето на Македонија, оваа заедница продолжува да дејствува како независна верска заедница во Македонија, со седиште во Скопје. Институции
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia