Џанкарло Берчелино
Џанкарло Берчелино (италијански: Giancarlo Bercellino; роден на 9 октомври 1941, во Гатинара) — поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната. Тој бил Европски шампион со италијанската репрезентација на првенството во 1968 година. Џанкарло Берчелино понекогаш се среќава и како Берчелино I за да се разликува од неговиот брат Силвино, кој исто така бил фудбалер.[1] ЖивотописТој е син на Терезио Берчелино, фудбалер кој играл во Серија А кон крајот на 1930-тите години. Клупска кариера![]() Тој ја започнал својата кариера под водството на неговиот татко Терезио, кој во тој период бил тренер на Боргосезија. Сепак, три години подоцна тој бил забележан од скаути на Јувентус, и бил ангажиран од страна на клубот од Торино. Својата професионална кариера ја започнал на позајмица во Алесандрија, во Серија Б, во сезоната 1960-1961, додека веќе следната година се нашол во почетната постава на Јуве во Серија А, забележувајќи го своето деби на 27 август 1961 година во ремито 1-1 со Мантова. Тој останал во Јувентус до 1969 година, правејќи впечатливо партнерство во центарот на одбраната заедно со Ернесто Кастано. Во август 1965 година, тој го освоил својот прв трофеј со клубот, Купот на Италија. Две години подоцна, на крајот на сезоната 1966-1967 тој го освоил своето прво и единствено скудето. Во 1969 година Берчелино се преселил во Бреша, а во ноември 1970 година клубот се договорил со Лацио за позајмица на играчот, кој сепак никогаш не го облекол "бјанкочелестиот" дрес заради разни договорни проблеми и проблеми со членството; тој се посветил на семејниот бизнис и ја завршил својата фудбалска кариера на возраст од 30 години. Потоа, сепак тој се вратил во фудбалот и бил тренер на неколку аматерски клубови во Пиемонт. Репрезентативна кариераСвоето деби за италијанската репрезентација, Берчелино го направил на 1 мај 1965 година во победата со 4-1 над Велс во пријателски натпревар. Потоа тој одиграл неколку натпревари во квалификациите за Европското првенство 1968. Конечно, тој бил меѓу играчите повикани од страна за селекторот Валкареџи за самото Европско првенство 1968 година на кое Италија била шампион. Тој одиграл само еден натпревар на турнирот во полуфиналето против СССР кое по 120 минути игра без постигнат гол (0-0) на крајот Италија го добила после фрлање на паричка. Хронологија на репрезентативни настапи
ТитулиКлупски
РепрезентативниНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia