Бреша Калчо
Бреша Калчо е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Бреша, Ломбардија. Во моментов се натпреварува во највискота лига по ранг во Италија, Серија А. Клубот е основан во 1911 година и го држи рекордот по бројот на одиграни сезони во Серија Б со вкупно 53, вклучувајќи ги и 18-те по ред во периодот од 1947 до 1965, и биле победници трипати. Бреша има одиграно и 22 сезони во Серија А, каде најдобар пласман им е 7-мото место во сезоната 2001-2002, предводени од легендата на италијанскиот фудбал Роберто Баџо, исто така се квалификувале за Интертото купот за следната сезона и за првпат во својата историја клубот заиграл во некое од европските натпреварувања. Во Интертото Бреша стигнала до финалето, но загубила од Париз Сен Жермен поради правилото гол во гости, откако во двата натпревари резултатот бил нерешен. Боите на клубот се сината и белата. Својте домашни натпревари Бреша ги игра на стадионот Марио Ригамонти кој е со капацитет од 16,308 седечки места. УспесиДомашни натпреварувања
Меѓународни натпреварувања
Младински натпреварувања
Останати пласмани
Познати играчи
Познати тренериНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia