Џедефрева пирамида30°01′56″N 31°04′29″E / 30.03222°N 31.07472°E ![]() Џедефрева пирамида — поранешна староегипетска пирамида во Абу Раваш, од која денес се останати рушевини. Таа била најсеверната египетска пирамида и се верува дека била изградена од страна на фараонот Џедефра од Четвртата египетска династија. Древното име на пирамидата било „Џедефрево ѕвездено небо“.[1] Наспроти тврдењата на некои египтолози во последните неколку декади, неодамнешните ископувања во Абу Равеш од страна на Мише Бод од музејот Лувр укажуваат дека пирамидата всушност никогаш не била довршена. Во случај да била довршена, се претпоставува дека истата би била со иста голема како и Микереновата пирамида, која е трета по големина од пирамидите во Гиза.[2][3] Се верува дека пирамидата првично била најубавата пирамида со надворешност од полиран гранит, варовник и круна со голем пирамидион. Од оваа причина, се смета дека истата во голема мера била разрушена во времето на Римското Царство за да можело да се поддржат римските градежни проекти по освојувањето на Египет од стана на римскиот цар Октавијан Август. Архитектура![]() Џедефревата пирамида архитектонски се разликувала од нејзините претходници по тоа што одаите биле под пирамидата наместо во неа. Пирамидата била изградена на природен насип, така што одаите биле изградени со помош на метод на ископување јама и накривување на земјата, кој претходно се користел при изградбата на мастаби. Јамата која била ископана во насипот за изградба на пирамидата била длабока 20 м и со димензии 21 х 9 м. Накривувањето било создадена под агол од 22º35', а одаите и влезниот ходник биле изградени во јамата и на накривувањето. Откако внатрешните одаи биле довршени, јамата и накривувањето биле натрупани со земја, а пирамидата била изградена над покривниот простор. Ова овозможило одаите да бидат создадени без потребата од изградба на тунели и ги избегнало структурните усложнувања од уредувањето на одаи во внатрешноста на пирамидата. Архитектонскиот стил на градбата исто така се навраќа на создавањето на правоаголен ограден ѕид во правец север-југ, сличен како оние во Џосеровата и Сехемхетовата пирамида.
Галерија
ПоврзаноНаводи
Литература
. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia