Џеремаја КларкЏеремаја Кларк (англ. Jeremiah Clarke; ~ 1674 - 1 декември 1707) бил англиски барокен композитор и оргулар. Се мисли дека е роден во Лондон во 1674. Бил ученик на Џон Блоу во катедралата Св. Павле. Подоцна станал оргулар во Кралската капела. Го завршил животот со тоа што се самоубил (се застрелал) заради „жестока и безнадежна страст за преубава млада дама од виш статус“[1]. Пред да се застрела размислувал и да се обеси или удави. На работното место бил наследен од Вилијам Крофт. Денес Кларк е најпознат по клавијатурното дело со наслов „Марш на данскиот принц“ (Prince of Denmark's March), популарно наречено „Волунтерија за труби“ (Trumpet Voluntary) кое долго време му се припишувало на Хенри Персел. Композицијата е всушност преземена од полуоперата „Островската принцеза“, заедничко дело на Даниел Персел (помладиот брат на Хенри Персел), што е веројатно причина за забуната. Дела
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia