Џими Батлер
Џими Батлер III (роден на 14 септември 1989 година) — американски професионален кошаркар на Голден стејт вориорс на Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Наречен „Џими Бакетс“, тој бил НБА Ол-стар шест пати, член на Ол-НБА тимот пет пати и член на НБА-дефанзивниот тим пет пати. Како член на олимпискиот тим на САД во 2016 година, освил златен медал. Батлер играл една година колеџ кошарка за колеџот Тајлер Јуниор пред да се префрли на Универзитетот Маркет. Бил избран со 30-ти вкупен пик на НБА драфтот во 2011 година од Чикаго Булс. Во 2015 година, бил прогласен за најподобрениот играч во НБА. По шест сезони во Чикаго, Батлер бил разменет во Минесота Тимбервулфс во јуни 2017 година, а потоа бил разменет во ноември 2018 година, овој пат во Филаделфија Севентисиксерс. Во јули 2019 година, тој потпишал со Мајами Хит. За време на неговата прва сезона со тимот, Батлер стигнал до финалето на НБА. Во 2021 година, водел во лигата со украдени топки. Во 2023 година, Батлер и Хит играле во финалето на НБА во 2023 година, нивниот втор настап во последните четири години.[1][2] Среде конфликти со администрацијата на Хит, Батлер бил разменет со Вориорс во 2025 година.[3] Ран животБатлер е роден во Хјустон на 14 септември 1989 година.[4][5] Неговиот татко, Џими Батлер Џуниор, го напуштил семејството кога Батлер бил бебе. Кога имал 13 години и живеел во Томбол во Хјустон, неговата мајка го избркала од дома. Како што изјавил Батлер во едно интервју во 2011 година, таа му рекла: „Не ми се допаѓа твојот изглед. Треба да си одиш“. Живеел во домовите на разни пријатели, по неколку недели пред да се пресели во друга куќа.[6] Батлер одржува врска со своите родители, велејќи: „Не чувам лутина. Сè уште зборувам со моето семејство. Мајка ми. Татко ми. Се сакаме. Тоа никогаш нема да се промени“.[7][8] Во една летна кошаркарска лига пред неговата последна година во гимназијата Томбол, бил забележан од Џордан Лесли, бруцош фудбалер и кошаркар во училиштето, кој го предизвикал на натпревар. Двајцата станале пријатели, а Батлер живеел во куќата на Лесли неколку месеци; мајката и очувот на Лесли имале уште шест деца. Батлер подоцна рекол: „Тие ме прифатија во нивното семејство. И тоа не беше поради кошарката. Таа [Мишел Ламберт, мајката на Лесли] беше полна со љубов. Таа едноставно правеше такви работи. Не можев да поверувам“.[6] Како јуниор на Томбол Хај, Батлер просечно постигнувал 10 поени по натпревар. Како сениор и капитен на тимот во 2006-07 година, Батлер бележел просек од 19,9 поени и 8,7 скока по натпревар и потоа бил избран за најкорисен играч на неговиот тим. Батлер не бил регрутиран откако завршил средно училиште и избрал да учи на колеџот Тајлер Јуниор во Тајлер, Тексас. Факултетска кариераПо неговата прва сезона на колеџот Тајлер Јуниор, каде што имал просек од 18,1 поени, 7,7 скока и 3,1 асистенции по натпревар, Батлер добил интерес од програмите на Дивизија I. Сметан за регрут со две ѕвезди од 247Sports.com,[9]бил наведен како бр. 127 на листата за колеџ играчи во 2008 година.[10] Батлер прифатил атлетска стипендија за да учи на Маркет, каде што, како втор студент во сезоната 2008-09, просечно постигнувал 5,6 поени и 3,9 скока по натпревар и забележал процент на слободни фрлања од 76,8%. Тој влегол во првата постава како јуниор во текот на сезоната 2009-10 со просек од 14,7 поени и 6,4 скока по натпревар и ги добил почестите. Батлер имал два победнички удари наспроти ЈУКон и Сент Џонс, и со Маркет завршиле со 11-7 и при што го заработил петтиот последователен настап на НЦАА турнирите. Како сениор во 2010-11 година, тој просечно постигнувал 15,7 поени по натпревар и добивал почесно признание втора година по ред. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia