Филаделфија Севентисиксерс
Филаделфија Севентисиксерс (англиски: Philadelphia 76ers) е професионален кошаркарски клуб од градот Филаделфија во сојузната американска држава Пенсилванија. Се натпреваруваат во Атлантската дивизија (Источна Конференција) од НБА лигата. Претходница на сегашната франшиза била екипата Сиракуза Нешелс, основани во 1946 година (една од најстарите НБА организации).[1] По преминот во Филаделфија тимот добил ново име, во чест на 1776, годината кога е донесена Декларацијата за независност на САД. Оваа екипа има долга кошаркарска традиција, бидејќи во нивните редови настапувале играчи од калибарот на Вил Чембрлен, Мозес Мелоун, Џулиус Ирвинг, Чарлс Баркли и Ален Ајверсон. Имаат освоено три шампионски прстени, првиот додека тимот бил сместен во Сиракуза (1955).[2] Вториот пат бил во сезоната 67′ под водство на Чембрлен,[3] а третиот во 83′ кога во екипата играле Мелоун и Ирвинг.[4] Последниот позначаен успех на тимот бил големото финале од 2001, кога „седумдесет и шестките“ на Ајверсон загубиле од ЛА Лејкерс со 4-1 во серијата најдобар од седум. Екипата во периодот 1967-1996 година своите натпревари на домашен терен ги играла во легендарната Спектрум Арена, а од 96′ па наваму нејзин дом е спортскиот центар Велс Фарго. Состав
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia