Луиџа „Џина“ Лолобриџида[б 1][3] (4 јули 1927 – 16 јануари 2023 година) била италијанска актерка, модел и фоторепортер. Таа била една од европските актерки со највисок профил во 1950-тите и 1960-тите, како и меѓународен секс симбол. Наречена „најубавата жена на светот“,[4] била меѓу последните преживеани меѓународни актери од висок профил од Златното доба на холивудската кинематографија.
Како што филмската кариера забавила, Лолобриџида воспоставила втора кариера како фоторепортер. Во 1970-тите, добила пристап до Фидел Кастро за ексклузивно интервју.
Лолобриџида продолжила како активен поддржувач на италијанските и италијанско-американските каузи, особено на Националната италијанско-американска фондација (NIAF). Во 2008 година ја добила наградата NIAF за животно дело на годишнината на Фондацијата.[5][6] Во 2013 година, ја продала својата колекција накит и донирала речиси 5 милиони американски долари за истражувањето на терапија со матични клетки.[7] На 18-тото доделување на наградите Златен глобус ја освоила наградата Хенриета.
Младост
Луиџа Лолобриџида е родена во Субијако, Лацио, околу 64 км оддалечен од Рим, ќерка на производител на мебел и неговата сопруга.[8] Имала три сестри: Џулијана, Марија и Фернанда. По завршувањето на Втората светска војна во 1945 година, семејството се преселило во Рим, каде Лолобриџида земала часови по пеење, се занимавала со моделство и учествувала на неколку натпревари за убавина. На изборот за Мис на Италија во 1947 годинао го освоила третото место. Во 1946 година, почнала да се појавува во италијански филмови во помали улоги.[9]
Во 1945 година, на 18-годишна возраст, Лолобриџида играла улога во комедијата Сантарелина од Едуардо Скарпета во Театро дела Конкордија, [9] најмалиот театар на Италија во светот.
Актерска кариера
Филм
Во 1950 година, Хауард Хјуз потпишал прелиминарен седумгодишен договор за правење три филма годишно со Лолобриџида. Таа ги одбила последните услови од договорот, претпочитајќи да остане во Европа, и Хјуз ја суспендирал.[10] И покрај продажбата на RKO Pictures во 1955 година, Хјуз го задржал договорот со Лолобриџида. Спорот ја спречил да работи во американски филмови снимени во САД до 1959 година, но дозволувал американски продукции снимени во Европа, иако Хјуз често се заканувал со правна постапка против продуцентите.[10]
Нејзината изведба во италијанската романтична комедија Леб, љубов и соништа (италијански: Pane, amore e fantasia, 1953) била успех на благајните[10] и и донел номинација за БАФТА. Понатаму, таа ја освоила наградата Nastro d'Argento од Италијанскиот национален синдикат на филмски новинари за нејзината улога во филмот. Лолобриџида се појавила во Провинцијалка (1953) и во Жена од Рим(1954). Ова се три од нејзините најпознати италијански филмови, но таа работеше и во француската индустрија на филмови како Бестрашен мал војник (1952), Убавините на ноќта (1952).[11][12]
Нејзиниот прв широко гледан филм на англиски јазик, Удри го ѓаволот (1953), снимен во Италија, а во режија на Џон Хјустон.[13] Во овој филм таа ја глумела сопругата на Хемфри Богарт. Потоа учествувала во италијанско-американската продукција Вкрстени мечови (1954), глумејќи заедно со Ерол Флин. Нејзината изведба во Најубавата жена на светот (1955) и ја донела првата награда Дејвид ди Донатело за најдобра актерка.[9] Во овој филм, Лолобриџида ја играла италијанската сопранистка Лина Кавалиери и ги испеала сите песни во филмот, вклучувајќи ги и ариите од Тоска. Таа ја играла главната женска главна улога во циркуската драма Трапез (1956)[8] во режија на Керол Рид заедно со Бурт Ланкастер и Тони Кертис, а во Ѕвонарот од Нотр Дам (1956) се појавила како Есмералда со Ентони Квин како Квазимодо.[8] Режисер на филмот е Жан Деланој.[9]
Во романтичната комедија Дојде ли септември (1961), Лолобриџида имала водечка улога заедно со Рок Хадсон, Сандра Ди и Боби Дарин. Оваа улога и донела награда Златен глобус.
Лолобриџида на фотографија за публицитет, раните 1960-ти
Лолобриџида глумела во Буона Сера, г-ѓа Кембел (1968) со Шели Винтерс, Фил Силверс, Питер Лофорд и Тели Савалас.[14] За оваа улога, била номинирана за наградата Златен глобус и ја освоила третата награда Дејвид ди Донатело.
До 1970-тите, нејзината филмска кариера забавила. Таа се појавила во Крал, кралица, Џек (1972), глумејќи заедно со Дејвид Нивен,[15] и во неколку други слабо примени продукции во почетокот на деценијата. Во 1973 година, ила член на жирито на 8. Меѓународен филмски фестивал во Москва.[16]
Во 1999 година, Лолобриџида неуспешно се кандидирала за Европскиот парламент како кандидат на Демократите, партија предводена од Романо Проди.[20] Во 2020 година, таа јавно го поддржала ставот на папата Франциск за правата на ЛГБТ.[21] На општите избори во Италија во 2022 година, Лолобриџида, на 95-годишна возраст, се обидела да освои место во Сенатот на Републиката.[22][20][23] Не упеала, бидејќи партијата собрала само 1 отсто од гласовите на изборната единица, под изборниот праг од 3 отсто.[23] Во интервју за Кориере дела Сера пред изборите, Лолобриџида изјавила дека е инспирирана од „начинот на вршење на работите“ на Махатма Ганди. Таа исто така тврдела дека била блиска со Индира Ганди.[20]
Личен живот
Во 1949 година Лолобриџида се омажила за словенечкиот лекар Милко Шкофич. Нивното единствено дете, Андреа Милко (Милко Шкофич Џуниор), е родено на 28 јули 1957 година.[24][25] Шкофич се откажал од медицината за да стане нејзин менаџер. Во 1960 година, Лолобриџида се преселила од нејзината родна Италија во Торонто, со Шкофич и нивниот син.[26] Двојката сакала да ја реши правната ситуација на нивниот син кој италијанската бирократија го сметала за без државјанство.[27] Двојката се развела во 1971 година.[28]
Лолобриџида и нејзиниот син Андреа Милко во Рим во 1962 година на божиќниот пазар на Пјаца Навона
Во октомври 2006 година, на 79-годишна возраст, ја објавила нејзината свршувачка со 45-годишниот шпански бизнисмен, Хавиер Ригау и Рафолс.[29][30]
Тие се запознале на забава во Монте Карло во 1984 година и оттогаш биле во врска. Свршувачката била прекината на 6 декември 2006 година, наводно поради напорот од интензивен медиумски интерес.
Во 2006 година Лолобриџида и Ригау потпишале предбрачен договор и се венчале во Шпанија.[31]
Во јануари 2013 година, започнала правна постапка против Ригау, тврдејќи дека нејзиното поранешно момче организирало тајна церемонија на која тој „се оженил“ со измамничка коај се преправала дека е Лолобриџида во матичната служба во Барселона. Во март 2017 година, таа ја загуби судската постапка, но последователно рекла дека ќе поднесе жалба.
Лолобриџида имала навика дазборува за себе во трето лице.[32]
Лолобриџида во 1991 година
На крајот на 2010-тите, Андреа Пјацола станал главен соработник на Лолобриџида,[33][34][35] генерален директор и доверител на здруженија за недвижности и финансиски средства. Во јули 2020 година бил обвинет за заобиколување на неспособно лице.[36][37]
Во 2021 година, италијанскиот Врховен касационен суд, на барање на нејзиниот син, одлучил дека Лолобриџида треба да има законски старател назначен за да управува со нејзините работи и да спречи грабеж. Иако судот утврдил дека таа е ментално способна, медицинските докази покажале дека има „слабеење во нејзината правилна перцепција за реалноста“ и дека е во состојба на „ранливост“.[38]
Лолобриџида починала во клиника во Рим на 16 јануари 2023 година, на 95-годишна возраст. Таа е погребана во нејзиното родно место, Субијако, Лацио.[39][40]
Во ноември 2023 година, Андреа Пјацола бил осуден за проневера на милиони.[41]
Награди и номинации
Лолобриџида освоила три награди Давид ди Донатело, две Настро д'Арџенто и шест награди Бамби. Била три пати номинирана за Златен глобус и еднаш го освоила во 1961 година како Светски омилена филмска - жена.[42] Еднаш била номинирана за наградата БАФТА.
Во 1985 година, била номинирана за офицер на францускиот ред за уметности и писма од Жак Ланг, за нејзините достигнувања во фотографијата и скулптурата.
↑Buckley, Réka C. V. (2000). „National Body: Gina Lollobrigida and the cult of the star in the 1950s“. Historical Journal of Film, Radio and Television. 20 (4): 527–547. doi:10.1080/713669741.
↑Canales, Luis (1990). Imperial Gina: The Very Unauthorized Biography of Gina Lollobrigida. Boston: Brookline Village. стр. 92. ISBN978-0-8283-1932-4. Another Lollobrigida trait that may have caused her to be less appreciated by some fellow-workers was her habit of referring to herself in the third person: "I am the expert on Lollobrigida," or "This is the last time Gina does a picture in two different languages."
↑„È morta Gina Lollobrigida, aveva 95 anni“ [Gina Lollobrigida dead, she was 95 years old]. Agenzia Nazionale Stampa Associata. 16 January 2023. Архивирано од изворникот на 16 January 2023. Посетено на 16 January 2023.