Пјаца Навона
![]() ![]() Пјаца Навона (италијански: Piazza Navona) е плоштад во Рим. Плоштадот е направен според план на Римски циркус, 1-во вековниот Стадион на Домицијан[1], каде Римјаните доаѓале да гледаат агони („игри“): денешното име настанало со искривоколчување на изразот во агонија, во nagone и navona, што на Италијански значи „голем број“. Дефиниран како плоштад во последните години на 15-от век, кога градскиот пазар бил префрлен овде од Кампидољо, Пјаца Навона денес е гордост на барокен Рим. Има скулптури и архитектонски дела од: Џан Лоренцо Бернини, познатата Фонтана на четирите реки, 1651) во средината; Франческо Боромини и Џироламо Рајналди, црквата Света Агнеса во Агонија; и од Пјетро да Кортона, кој ја насликал галеријата во палатата Пампиљ. Традиционалниот пазар во 1869 бил преместен во Кампо де Фјори, но плоштадот е исто така традиционален домаќин на театарски и куклени претстави, трки на коњи, двобои на витези. Од 1652, секоја сабота и недела во август, плоштадот се претворал во езеро за да се слави фамилијата Пампиљ. Прославата била прекината во 1866. Пјаца Навона содржи уште две фонтани на Џакомо дела Порта — Нептуновата фонтана (Fontana di Nettuno) од (1574), сместена во северниот дел на Пјаца Навона, и Фонтана на Маварот (Fontana del Moro) од (1576), сместена во јужниот дел на плоштадот. Други споменици на плоштадот се:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia