Џорџ Гејлорд Симпсон
Џорџ Гејлорд Симпсон (англиски: George Gaylord Simpson; 6 јуни 1902 — 6 октомври 1984) бил американски палеонтолог, специјалист за изумрени цицачи и нивните меѓуконтинентални миграции. РаботаСимпсон веројатно е највлијателниот палеонтолог од дваесеттиот век. Во 1949 година го вовел поимот синтетичка теорија на еволуцијата, што значи теорија која ги обединува принципите на наследувањето, изразени во законите на Мендел и еволуционото учење на Чарлс Дарвин. Неговиот придонес за оваа теорија е изразен во книгите ,,Tempo and Mode in Evolution‘‘ (1944) и ,,Principles of Classification and a Classification of Mammals‘‘ (1945). Интересно е да се забележи восхитувањето на Симпсон за теоријата на точкест еквилибриум која се појавила во 1944 (Симпсон го вовел поимот квантна еволуција) и демитологизирањето на фактот дека еволуцијата на коњите одела линеарно, со современиот коњ како нејзин краен резултат. Симпсон бил професор по зоологија на Колумбискиот универзитет и куратор на одделот по геологија и палеонтологија во Американскиот природонаучен музеј во Њујорк од 1945 до 1959 година. Од 1959 до 1970 Симпсон бил куратор на Музејот по споредбена зоологија на Харвард. НаградиЦитати
Книги
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia