АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје
АСУЦ „Боро Петрушевски“ (целосно име: Автосообраќаен училишен центар “Боро Петрушевски”) — средно училиште во Скопје[1], Општина Гази Баба и претставува јавно воспитно-образовна установа. Основање и развојАвтосообраќајниот училиштен центар „Боро Петрушевски“ е формиран во 1947 година, кога Владата на Народна Република Македонија, со Уредба бр. 9115, од 17 септември 1947 г., донесе одлука за формирање ниже училиште на автомеханичари во Скопје. Училиштето почнало со работа на 5 април 1948 година, со примарна задача во наредните 3 години да ги оспособи првите 50 автомеханичари. За тоа бил потребен универзален профил на автомеханичар, кој ќе биде способен да се вклучи и во подоцнежниот развој на сообраќајот. Во учебната 1950/51 година во училиштето завршила прва генерација од 43 ученици-автомеханичари. Во учебната 1953/54, г На 12 февруари 1968 година, Центарот се преименува во автосообраќаен училишен центар. Овој настан е важен и поради фактот што училиштето, во коешто дотогаш се школуваа само автомеханичари, со Решение бр. 933 од 7 мај 1968 година, на Републичкиот секретаријат за образование, наука и култура, беше верифицирано како училиште во кои ќе се обрзуваат кадри од повеќе автосообраќајни профили. Перманентното зголемување на бројот на ученици, овозможија во 1974 година да се пристапи кон доградба на уште едно крило на училишната зграда, во насока на Полигонот на обука на возачи. Во истата година со одлука на Извршниот совет на СРМ, народниот херој Боро Петрушевски му беше определен како патронат на училиштето и, оттогаш, Центарот го носи неговото име. Беше промовиран и официјален амблем на училиштето, којшто во истата форма и изглед го користиме и денес. Во 1996 година беше преуреден просторот што дотогаш беше Сервис за дневна нега на моторни возила и беа изградени сали за возила, Сервис за нивно одржување и магацин за автоделови, понатаму надополнет и со Одделение за компјутерско мешање бои. Вложувањата во инфраструктурата во период 1998-1999 година продолжуваат со темелно реновирање на административниот дел на училиштето и целосна изградба на нов кабинетски дел, во чијшто состав влегува и новата библиотека. Денес, овој комплекс го претставува најрепрезентативниот дел на училиштето и во него, покрај современата теоретско-кабинетска настава, се одржуваат низа други манифестации, како на пример, семинари, обуки, презентации итн. Образовна дејностОсновна дејност на АСУЦ „Боро Петрушевски“ е образование на кадри од
Редовната теоретска настава се изведува во специјализирани училници, лабораторија за автоелектроника, кабинет по информатика, кабинетите по странски јазик, сообраќаен кабинет, машински кабинет и кабинет за техничко цртање, кои постојано се доопремуваат. Наставниот процес се реализира со користење нагледни средства, ЛЦД – паметна табла, проектори, аудиовизуелни помагала, богато опремена библиотека со цел учениците да стекнат знаење, способности и вештини кои ќе им овозможат полесен влез во високообразовните институции, како и на пазарот на трудот. Во рамките на училишната работилница, покрај во петнаесетте специјализирани одделенија, наставата се изведува и во три стручни кабинети (за мотори, мехатроника и електроника), а за занимањето каросериски механичар функционира специјализиран кабинет. АСУЦ „Боро Петрушевски“ нуди и можности за специјалистичко образование и доусовршување Архивирано на 29 септември 2012 г. : специјализации од областа на патниот сообраќај и одржувањето на моторните возила; обуки и курсеви за стекнување компетенции и лиценци за вршење на дејноста во областа на патниот сообраќај и одржувањето на моторните возила; АДР-сертификати за превозници со опасни материи. Во рамките на Центарот работат и лиценциран Центар за безбедност и здравје при работа Архивирано на 29 септември 2012 г. и Центар за обуки Архивирано на 29 септември 2012 г.. Споредни дејностиПокрај образовната, училиштето остварува и споредни дејности:
Воннаставни активностиВоннаставните активности имаат богат придонес за дополнувања на образовната и на воспитната улога на учeниците. Целта на овие активности е: поттикнување на креативност,ентузијазмот кај учениците, доследност и истрајност, да се создадат услови за развивање на личноста на ученикот, создавање навики за добро, организирање на слободното време. АСУЦ „Боро Петрушевски“, претставува пример за развој на мултикултурализмот во образованието. Тимот од професори од неколку активи ги подготвуваа учениците за повеќе активности од јавен карактер: спортски манифестации, подготвување театарски претстави, јавно говорење, дебати, вечери на поезија, организираа промотивни вечери и во голема мера ги поттикнаа културата и естетската вредност на убавиот збор и сл. Сите овие активности вклучуваа ученици од македонска и од албанска националност и како носечка идеја имаа зближување, соживот и мултикултурализам на учениците. Резултатите беа повеќедимензионални: се создаде општа еуфорија и раздвиженост меѓу наставниците и учениците, се зголемија соработката и дружењето со други институции, се изврши промоција и афирмација на училиштето, се подигна нивото на култура во меѓуетничката и меѓуучилишната соработка. ![]() Секции
Клубови
Ученички здруженија
Познати личности кои предавале во ова училиште
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia