АЦ „Козлодуј“![]() ![]() Атомската централа „Козлодуј“ е атомска централа во Бугарија. Таа се наоѓа на брегот на река Дунав, на 5 км источно од град Козлодуј и на 200 км северно од Софија. Историја
Од 1991 година јачината на шестте блока била 3760 MW. Централата располага со шест атомски реактори — четири со јачина од по 440 мегавати и два со јачина од 1000 мегавати, кои опслужуваат околу 46% од потрошувачката на Бугарија. Централата работи од 2007 година со коефициент за употреба на инсталираните јачини од 83.58%.[2] Затворање на 3 и 4 блокПред 2003, после притисок од ЕУ, се затворани четирите реактори со јачина од 440 МВт, бидејќи не одговарале со европските стандарди за сигурност. Затворани биле 1 и 2 блок на атомската централа „Козлодуј” во 2003 и во почетокот на 2007 биле затворани 3 и 4 блок на атомската централа, додека 5 и 6 блок сè уште работаат. ЦенаВкупната цена на проектот атомската централа „Козлодуј” е многу тешка за пресметување. Голем дел од помошта на СССР не се е смета, а самиот проект е финансиран директно од националниот буџет на НРБ. НадградбаВо последно време се појавува предлог за градење на 7 и 8 блок на НЦ.[3] Најверојатбо тие ќе бидат опремени со американски реактори, секои со јачина од по 1000 МВт. Проектот се појавува како последица на забавувањето на изградба на НЦ „Белене“. Можноста за изградбата на седмиот блок на локацијата на атомската централа „Козлодуј” е сосема реална, при тоа средствата за спроведувањето на проектот ќе бидат околу половината отколку ако се изгради реактор на целосно нова локација. НаводиПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia