Дунав (гер. Donau, слов. Dunaj, унг. Duna, ром. Dunărea, хрв. Dunav, ср. Дунав, укр. Дунай) — втора најдолга река во Европа по Волга.
Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, каде што две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донауешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.
При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.
Историја
Реката Дунав секогаш била важна врска меѓу Западна Европа и Црно Море. Во III век таа е северна граница на Римското Царство (и на латински е наречена Danubius), а тврдините, изградени на бреговете, служеле за заштита од нападите на Готите, Хуните и Словенските племиња. Подоцна Дунав бил пат за достап до Цариград. Крстоносците ја користеле реката како транспортна артерија за походите до Светите места.
Реката Дунав започнува да се користи како трговска врска во XVIII век. Марија Тереза, царицата на Австрија од Хабсбуршката династија, формира комисија, која го регулира пловењето по реката. Во XIX век Дунав се претвора во важна трговска врска меѓу Западна Европа и земјите од Балканскиот Полуостров.
Притоки
Дунав станува пловна река, откако прима многу алпски притоки. Околу 30 од нејзините 300 притоки исто така се пловни. Поважни се: Ин, Морава, Драва, Тиса, Сава и Прут. Длабочината на Дунав на места е повеќе од 30 м. За време на месеците мај и јуни реката е најполноводна. Во зима над реката се образуваат густи и непрогледни магли, а поради ниските температури површинските слоеви замрзнуваат.
Сообраќај
Реката Дунав е важен меѓународен воден пат. Тој е определен од Европската Унија за трансевропски транспортен коридор № 7. Тој минува низз 9 држави.
Некои големи градови, кои се расположени на реката, се: