Абебе Бикила![]() Абебе Бикила (амхарски:: አበበ ቢቂላ; Јато, 7 август 1932 — Адис Абеба, 25 октомври 1973) бил етиопски атлетичар, двапати олимписки победник во маратон. Олимписки победи и настапиАбебе Бикила станал национален херој по победата на Олимписките игри во Рим во 1960 година, постигнувајќи најдобро време во светот на маратоните со време од 2 часа, 15 минути и 16.2 секунди. Вториот пат тој триумфирал на Игрите во Токио 1964. Иако само 6 недели пред игрите имал операција на слепото црево, сепак повторно победил со нов најдобар светски резултат со време од 2 часа, 12 минути и 11.2 секунди. Бикила настапувал и третпат последователно на Олимписките игри во Мексико Сити 1968 година, но повеќе не бил во победничка форма т.с. застанал по претрчани 17 километри. Со секој свој настап Бикила го задивил светот:
Медали
По кариератаЗа жал, Бикила не уживал долго време во добро заслужениот статус на спортски легенди и национален херој во Етиопија. Тој доживеал сообраќајна несреќа во 1969 година, а потоа останал парализиран од половината надолу. Неколку години подоцна од компликациите на оваа повреда починал. Во негова чест, стадионот во главниот град на Етиопија, Адис Абеби бил именуван по него. Улицата во Белград во областа на Алтина исто така го носи неговото име. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia