Летните олимписки игри - 1964 или 18-те Летни олимписки игри се одржале во Токио. Токио бил избран за град-домаќин на 55-тата сесија на МОК одржана на 26 мај1959 во Минхен. Поразени кандидати биле Детроит, Брисел и Виена. Токио за првпат бил избран за домаќин на Летните оилимписки игри - 1940, но поради јапонската инвазија на Кина за град-домаќин на игрите бил избран градот Хелсинки. Но, игрите не се одржале поради Втората светска војна. Со игрите во 1964 година, Токио станал првиот град на континентот Азија којшто бил домаќин на едни Олимписки игри воопшто. На игрите не учествувала Јужноафриканската Република во којашто постоел расизам во речиси сите спортови.
Ова се резултатите од гласањето за избор на град-домаќин на игрите:
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1964
Јуџи Косеки ја компонирал песната за церемонијата на отворање.
Јошинори Сакаи којшто го запалил Олимпискиот оган е роден на 6 август1945 година во Хирошима, денот кога овој град бил погоден од атомската бомба „Малото момче“.
Спортовите џудо и одбојка коишто биле многу популарни во Јапонија биле воведени на овие Олимписки игри. Јапонците освоиле 3 златни медали во џудо, но сепак првиот златен медал во овој спорт на Олимписките игри го освоил Холанѓанецот Антон Геезинк. Финалето во одбојка во женска конкуренција го добиле репрезентативките на домаќинот Јапонија, а било пренесувано директно низ целиот свет.
Светскиот првак во борењеОсаму Ватанабе го освоил златниот медал во слободен стил. Ватанабе се пензионирал како единствениот спортист којшто останал непоразен во својата кариера. Неговиот ефект бил 189-0.
Советската гимнастичарка Лариса Латинина освоила 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали. И двете злата ги освоила по третпатпо ред во тимска конкуренција и на партер. Лариса кариерата ја завршила со 18 Олимписки медали (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени) што сè уште е несоборлив рекорд.
Австралијанецот Дон Фрејзер го освоил својот трет златен медал по ред на Олимписките игри во пливање во трката на 100m слободен стил. Со тој подвиг бил споредуван со веслачот Вјачеслав Иванов кој го сторил истото во веслање.
Непознатиот Американец Били Милс изненадувачки победил во трката на 10.000m.
Боб Хејес победил на 100m изедначувајќи го светскиот рекорд од 10s. Во полуфиналето тој истрчал и под 10s, но поради брзината на ветерот рекордот не бил признаен.