Автономна Република КримОваа статија се однесува на поранешната автономна република во Украина. За федералниот субјект на Русија, погл. Република Крим. За полуостровот, погл. Крим (полуостров).
Автономна Република Крим (украински: Автономна Республіка Крим, руски: Автономная Республика Крым, кримскотатарски: Qırım Muhtar Cumhuriyeti, Къырым Мухтар Джумхуриети) — поранешна автономна република во состав на Украина, сместена во поголемиот дел од полуостровот Крим.[2][3][4] Во 2014 г. Крим се соочил со безбедносна опасност поради украинската криза и распишал референдум, каде народот во огромно мнозинство изгласал отцепување од Украина и припојување кон Руската Федерација. Во март истата година полуостровот преминал во руската Република Крим. Републиката зафаќала површина од 26.200 км2 и во 2007 г. имала 1.973.185 жители. Главен град бил Симферопол, кој се во средишниот дел на полуостровот. ИсторијаТериторијата на Крим била освојувана и контролирана многупати во текот на неговата историја. Кимеријците, Старите Грци, Скитите, Готите, Хуните, Прабугарите, Хазарите, државата Киевска Русија, Византија, Кипчаците, Отоманското Царство, Златната Орда и Монголите го контролирале Крим некое време во текот на историјата. Во XIII век, делумно бил контролиран од Венецијанците и од Република Џенова; по што следеле Кримското ханство и Отоманското Царство во периодот XV-XVIII век, Руската Империја од XVIII до XX век, Германија во Втората светска војна и Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република, а подоцна и Украинската Советска Федеративна Социјалистичка Република, во рамките на Советскиот Сојуз во текот на XX век. Припојување кон УкраинаВо 1954 г. Крим е одземен од тогашната Руска СФСР и доделен на Украинската ССР по одлука на тогашниот државник Никита Хрушчов и без никакво консултирање на јавното мислење.[5] Како таков, Крим останува во Украина сè до неговото отцепување на референдум во 2014 г. Криза и отцепувањеПо немирите во Украина, во 2014 г. во Крим се јавува т.н. „Кримска криза“ поттикната од стравувања кај мнозинското руско население од загрозеност. Како последица од тоа Русија, извесни неофицијални единици и месното население издејствуваат смена на управата на републиката. Подоцна, парламентот на Крим носи одлука за припојување на Крим кон Русија под услов предлогот да помине на референдум во самиот Крим и Севастопол. Управата на Крим потоа распишува референдум за оцепување од Украина за 16 март истата година.[6] На референдумот, преку 96,77% од граѓаните искажале поддршка за присоединување кон Русија, при излезност од 83%.[7] Дел од Кримските Татари не излегле на гласање. Западните сили и нивните заеднички сојузи и организации се искажале дека го сметаат референдумот за незаконит и неважечки, бидејќи во него не учествувале сите граѓани на Украина во целина. Меѓутоа, уште во самиот проглас за независност се образложува правната полноважност на референдумот, повикувајќи се на примерот со Косово, кое исто така еднострано прогласило независност без да се праша целата тогашна Србија. ДемографијаНад 60% од населението на Крим биле етнички Руси (2001).[8] Кримските Татари биле малцинска народност со околу 12% од целокупното население,[9] а се доселени во Крим во доцниот среден век, кога постоело Кримското ханство. Биле присилно раселени во Средна Азија во текот на владеењето на Сталин. По падот на Советскиот Сојуз, Кримските Татари се повикани да се вратат и тоа го сториле во значајно поголеми броеви отколку што зминале.[10] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia