Нова Македонија
„Нова Македонија“ е најстариот дневен весник во Македонија. Првиот број излегол на 29 октомври 1944 година во Горно Врановци. Историја![]() ![]() На третата седница на Президиумот на AСНОМ, која била одржана од 2 до 5 септември 1944, во манастирот Прохор Пчињски, била донесена одлуката за основање дневен весник.[2] Веднаш потоа било задолжено Агитациско-пропагандното одделение (АГИТПРОП) при ЦК КПМ и Главниот штаб да формира и специјална комисија, која ќе го подготвува и ќе го издава овој дневен весник. За името на весникот уште веднаш паднале три предлози – Независна Македонија, Слободна Македонија и Нова Македонија. Најприфатливо било името Нова Македонија, бидејќи истакнувало дека станува збор за нова преродба, нова современа македонска држава, со поинакво општествено политичко уредување, со нови и поинакви принципи и начела на раководење и живеење.[2] Иако битките за конечно ослободување биле во тек и интензивно се одвивале, во исто време до сите народноослободителни одбори и други органи и организации пристигнала директива на Поверенството за информации, во која дури и се дал потсетник за тоа „што да се пише во дописките“. Притоа се нагласува дека:
„Нова Македонија“ е првиот македонски дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. Првиот број е објавен на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци, каде што денес се наоѓа првата печатница, претворена во музеј. За негов прв главен уредник е назначен Васил Ивановски. Првиот број, кој сè на сè имал 8 страници, излегол во мал тираж, а бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик. Вториот број бил отпечатен во Битола, а од третиот (22 ноември) се печати и излегува во Скопје. Весникот излегол дури и на 27 јули 1963 година, ден по скопскиот земјотрес. По бурните транзициски години, обновената „Нова Македонија“ почнала да излегува на 30 април 2008 година. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia