Агенција за супервизија на осигурувањеАгенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е основана во 2009 година. Правната рамка за воспоставување и функционирање на Агенцијата е пропишана со Законот за супервизија на осигурување.[1] Агенцијата има својство на правно лице и за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија. [2] Се основа како самостојно и независно регулаторно тело и во рамките на своите надлежности и овластувања се грижи за законито и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на сопствениците и корисниците на осигурување. НадлежностиАгенцијата ги има следните надлежности:
Орган на управувањеОрган на Агенцијата за супервизија на осигурување е Советот на експерти. Советот на експерти е составен од пет члена од кои еден е претседател. Претседателот на Советот раководи со Агенцијата и ја застапува во односи со трети лица. Претседателот и четирите членови ги именува Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија, а нивниот мандат трае пет години, со можност за реизбор. Советот на експерти работи во согласност со надлежностите и донесува тарифник, статут, финансиски извештаи и финансиски план на Агенцијата. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia