Комисија за хартии од вредностКомисијата за хартии од вредност претставува главен регулаторен и супервизорски орган на пазарот на капитал во Македонија. Седиштето на Комисијата за хартии од вредност се наоѓа во Скопје. Основање и дејностКомисијата за хартии од вредност (КХВ) е основана на 19 јуни 1992 година со Одлука на Владата на Република Македонија. Таа е утврдена како самостојно и независно регулаторно тело кое врши јавни овластувања, согласно Законот за хартии од вредност, Законот за инвестициони фондови, Законот за преземање акционерски друштва и другите подзаконски акти кои произлегуваат од нив.[1] КХВ го регулира и контролира работењето со хартии од вредност на територијата на Република Македонија, се грижи за ефикасно и за законско функционирање на пазарот на хартии од вредност и за правата на инвеститорите, за јакнење на довербата на јавноста во институциите на пазарот на капитал итн. Еднаш годишно, КХВ доставува извештај за својата работа до владата и до Собранието на Република Македонија, заедно со финансиските извештаи, изготвени според меѓународните стандарди за финансиско известување и ревидирани од овластена ревизорска куќа, и со финансискиот план за идната година.[2] КХВ обезбедува средства за своето работење од надоместоците кои ги наплатува за покривање на трошоците за извршените услуги.[3] Од вишокот приходи над расходите на КХВ се формира резервен фонд чии средства се користат за премостување на неусогласеноста на приходите и расходите на КХВ и за развој на нејзиното работење.[4] Функции на КХВКХВ ги извршува следниве основни функции:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia