Агим Ибраими
Агим Ибраими (албански: Agim Ibrahimi) (29 август 1988, Тетово, Југославија) — македонски фудбалер кој моментално е слободен агент. ЖивотописАгим Ибраими е роден на 29 август 1988 година, во Тетово. Клупска кариераИбраими ја започнал својата кариера во екипата на Шкендија, во која станал професионалец во сезоната 2005-2006. Toj бил избран за најдобар фудбалер на Македонија во 2012 година. Во сезоната 2014-2015, со својот клуб Марибор, Ибраими се пласирал во групната фаза од Лигата на шампионите. На 5 ноември 2014 година, во натпреварот против Челзи, Ибраими го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, кој од гледачите на англискиот телевизиски канал „Скај спортс“ бил прогласен за најубав гол во четвртото коло од фазата по групи на натпреварувањето.[2] На крајот од сезоната, Ибраими влегол во идеалниот тим, а бил и еден од тројцата кандидати за најдобар фудбалер во Словенија.[3] Во декември 2015 година, голот што Ибраими го дал на натпреварот против Цеље во 14. коло на словенечката фудбалска лига бил прогласен на 77. место на списокот на 100 најубави голови во Европа во 2015 година.[4] Репрезентативни настапиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia