Агнес СорелАгнес Сорел (француски изговор: [aɲɛs sɔʁɛl]; 1422 – 9 февруари 1450), позната по надимакот Dame de beauté (Дама на убавината), била омилена и главна љубовница на францускиот крал Шарл VII, со кого имала четири ќерки.[1] Таа се смета за прва официјално признаена кралска љубовница на француски крал. Таа била предмет на неколку портрети и уметнички дела од тој период, вклучително и Богородица и дете опкружени со ангели на Жан Фуке . Животот на кралскиот двор![]() Родена во 1422 година, Агнес била ќерка на Жан Соро, гувернер на Кудо и неговата сопруга Катерина де Мењелеј, [1] Таа имала 20 или 21 година кога била представена на кралот Шарл VII. Во тоа време, Агнес била почесна дама во придружба на војвотката Изабела Лотарингска сопруга на Рене I Неаполски. Потоа таа продолжила да служи како дама во чекање на Марија д'Анжу, сопругата на Шарл VII Победникот и снаа на Изабела Лотарингска. Набрзо таа станала и негова љубовница. [1] Кралот и го дал замокот Шато де Лош (каде што тој бил убеден од Јованка Орлеанка да биде крунисан за крал на Франција) како нејзина приватна резиденција. Наскоро, присуството на Агнес се почувствувало на кралскиот двор во Шинон, каде тврделе дека нејзиното друштво го извлекло кралот од долготрајна депресија. Нејзиното влијание врз дворот првпат се почувствувало кога успеала да го убеди кутриот крал да ги собере своите трупи и да ги истера англиските освојувачи од француска почва. Агнес имала многу силно влијание врз кралот. Тоа влијание заедно со нејзиниот екстравагантен вкус во облекување, било причина да стекне моќни непријатели на дворот. Таа станала првата официјално признаена кралска љубовница на францускиот двор.[1] Агнес предизвикала скандал во дворот, поради воведување на мода на носење длабоко деколтирани фустани. Ова нејзино однесување било и имитирано и презирано. Жан Јувенал де Урсинс, надбискупот од Ремс, го советувал кралот да ја забрани таквата мода со овие зборови „ouvertures de par devant, par lesquelles on voit les tetins, tettes et seing des femmes“.[2] Дополнителен скандал на дворот бил направен кога сликарот Жан Фуке на својата слика, Мелун диптих, ја прикажал Агнес како Богородица. Дворјаните биле згрозени што љубовницата на кралот и мајката на вонбрачните деца на Шарл била споредувана со Богородица кога нејзиниот статус бил многу помалку од свет.[3] Деца и смртАњес родила четири ќерки на кралот:
Додека била бремена со нивното четврто дете, таа отпатувала од Шинон во средината на зимата за да му се придружи на Шарл во походот од 1450 година во Јумиеж, сакајќи да биде со него како морална поддршка. Таму ненадејно ѝ се слошило, а по породувањето таа и нејзината ќерка умреле на 9 февруари 1450 година [1] Тогаш имала 28 години. [5] Иако првично се сметало дека причината за смртта била дизентерија, францускиот форензичар Филип Шарлие во 2005 година сугерирал дека Ањес починала од труење со жива.[6] Тој не дал никакво мислење дали таа била убиена.[6] Живата порано се користела во козметички препарати или за лекување на паразитски глисти, а таквата употреба можела да доведе до нејзината смрт. Таа била погребана во црквата Св.Ур, во Лоуш . Нејзиното срце било погребано во бенедиктинската опатија Џумиеж.[7] Синот на Шарл, идниот крал Луј XI, отворено му се спротивставувал на својот татко и се шпекулирало дека тој ја отрул Агнес за да го отстрани нејзиното несоодветно влијание врз кралот. Исто така, се шпекулирало дека францускиот финансиер, благородник и министер Жак Кор ја отрул, иако таа теорија била широко дискредитирана како обид да се отстрани Кор од францускиот двор. Нејзината братучетка Антоанета де Мањеле го зазела нејзиното место како љубовница на кралот по нејзината смрт. Наследство![]() Главен лик во поемата на Волтер La Pucelle била Агнес Сорел.[8] Таа била и тема на опера од 1836 година именувана по неа. Две руски опери од крајот на 19 век, исто така, ја прикажуваат, заедно со Шарл VII: Слугинката од Орлеанс на Пјотр Чајковски и Сараценот на Цезар Куи .[9][10] ПоврзаноНаводи
Извори
Понатамошно читање
|
Portal di Ensiklopedia Dunia